Паштета (макало) од лебни трошки(презла) и нане
4 лажици презла
1 лажица мелени ореви
2 лажици таан
4 лажици суво нане
2 лажици сув магданос
4 чесниња лук
Сол и црн бибер по вкус
6 лажици вода.
Подготовка:
Во длабок сад се ставаат сите овие состојки и се мешаат рачно, со миксер или блендер за да се добие саканата густина, којашто се регулира во зависност од состојбата. Ако е густо со додавање на вода, а ако е ретко со додавање на презла.
Забелешка: Оваа паштета можете да ја правите наместо со нане, со сув копар, мајчина душичка, сув спанаќ или босилек(за готвење).
Доколку сакате поголема количина, состојките ги удвојувате.