НАУКАТА ЗА БОГА

1. ПРВАТА ГОЛТКА ОД ЧАШАТА НА ПРИРОДНИТЕ НАУКИ , ЧОВЕКОТ ГО ПРАВИ АТЕИСТ, НО НА ДНОТО ОД ЧАШАТА ГО ОЧЕКУВА БОГ

Вернер Хајзенберг (1901 – 1976) физичар, нобеловец во 1932 г.
————————————————————————————————————-

 

2. Како физичар, потоа како човек, којшто целиот свој живот бил во допир со трезвена наука и истражувањето на материјата, неоспорно сум ослободен од сомнежот дека можам да бидам фанатик. И затоа, после сите мои истражувања за атомите, можам да го кажам следново:

Матeријата не постои сама од себе! Целата материја произлегува и постои само преку една Сила, Којашто ги потикнува атомските честитки во вибрации и ги подржува во движењето во минијатурниот „сончев систем“ на атомите.

Бидејќи, во сета вселена нема ниоту една интелигентна или вечна сила, ние треба да прифатиме дека поради таа Сила, стои еден свесен, интелигентен Дух. Имено, тој Дух е Препричината на целата материја.

Макс Планк (1858 – 1947) физичар, нобеловец во 1918 г.
—————————————————————————————————————-

3. Дозволете ми да кажам неколку мисли за себе и за атомите.
Ние, – атомот и јас – бевме здружени до скоро време. Јас во него гледав КЛУЧ за најскриените тајни на природата, а тој пред мене ја откри големината на целото создание и на ТВОРЕЦОТ!

Макс Борн (1882- 1970) физичар, нобеловец во 1954 г.
—————————————————————————————————————-

4. Иако сум биолог, јас треба да признаам дека не можам да си објаснам како започнал животот. Според мене вирусот не е жив организам. Тој може да учествува во животните (виталните) процеси, единствено кога ќе успее да навлезе во една жива клетка – домакин.

Јас мислам дека животот суштински започнува да постои само на ниво на функционалната жива клетка.

И најпримитивните клетки имаат потреба од неколку стотици специфични биологични макромолекули (ДНК).

Како е можно толку сложени и специфични структури да се соберат заедно во една клетка – за мене тоа се` уште е една мистерија. Постоењето на Создател, односно Бог, за мене е едно задоволително решение на овој проблем.

Вернер Арбер (роден 1929) молекуларен биолог , нобеловец во 1978 г.
—————————————————————————————————————-

5. Многу години тврдам дека овие шпекулации за потеклото на животот (материјалистичката еволуциона теорија) не водат никаде, затоа што дури и наједноставниот жив организам е премногу сложен за да биде разбран со посредство на исклучително примитивната хемија којашто се труди во своите експерименти да го објасни необјаснивото, што се случило пред милијарди години. Бог не може да биде омаловажен преку таквите наивни објаснувања.

Ернест Чејн (1906 – 1979) биохемичар – нобеловец 1945 г.
—————————————————————————————————————-

R

6. Бог е вистината! Не постои некомпатибилност меѓу науката и религијата. Според мене, тие бараат една иста вистина. Науката ни покажува дека Бог постои…
Проучувањата и експериментите на науката се толку прекрасни, така што вистината што тие ја откриваат со сигурност може да биде прифатена како едно од пројавувањата на Бог. Бог Себе си се открива благодарение на тоа што му дозволува на човекот да стигне до вистината.

Дерек Бартон (1918 – 1998) хемичар, нобеловец во 1969г.
—————————————————————————————————————-

7. Јас верувам во Бога. Според мене е апсурдно да се претпоставува дека појавата на вселената и нашето постоење се едноставно една космичка случајност.

Aпсурдно е да се мисли дека живото се појавил благодарение на случајните физички процеси во една природна средина, којашто така случајно ги поседувала потребните карактеристики.

Како христијанин , јас запонав да ја осознавам вистинската суштина на животот благодарение на мојата вера во Творецот, чија што природа ни е откриена благодарение на еден Човек, Кој што се роди пред 2000 години.

Антони Хјуиш (род. 1924) физичар, нобеловец во 1974 г.
—————————————————————————————————————-

8. Досега немало повозвишено поимање на Бог од она што ни го дава науката.

Никогаш не сум познавал човек со здарв разум кој што не верува во Бог.

Без сомнение, науката без религијата ќе биде повеќе проклетство отколку благослов за човештвото.

Роберт Миликан (1868 – 1953) физичар, нобеловец 1923 г.
—————————————————————————————————————-

Вилијам Д. Филипс (род. 1948) физичар, нобеловец во 1977 г.

9. Многу од научниците се религиозни луѓе, и тоа во сосем традиционалната смисла на тој поим. Јас сум физичар и сум еден типичен пример за тоа.
Јас верувам дека Бог е нашиот Творец и пријател. Верувам дека Бог е Личност и дека Тој комуницира со нас.

Вилијам Д. Филипс (род. 1948) физичар, нобеловец во 1977 г.
—————————————————————————————————————-

10. Уште од минатото религиозните проповедници во своите дела укажуваат дека вистинитоста на религијата треба да се докаже преку опитот. Ако човекот е привлечен од солзите, смелоста и трпеливоста, од правдата, состраданието и милосрдноста, нека го следи патот на Христос и самиот нека провери.

Ниту едно научно откритие нема да му пречи да го следи тој пат… Секој човек, независно од каква сфера доаѓа, може да тргне по Христовиот пат, да провери и да добие сопствени убедувања.

Вилијам Хенри Браг (1862 – 1942) физичар, нобеловец во 1915 г.
—————————————————————————————————————-
Пренесено од списанието ПРЕМИН, март / април 2013, двоброј 87/88, (стр. 58-59)
Подготви: М. Даниловска

Претходна статијаНа кого му е повеќе дадено, повеќе и ќе се бара…!
Следна статијаЗА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ – Освестен подвиг