66. He вели:
“Јас сум дошол во манастир, и носам ангелски образ”.
He само на луѓето, туку и на Самиот Бог им e пријатен не само надворешниот образ, туку потребни се плодовите на добрите дела.
Затоа, биди како расцутено дрво и запазувај ги плодовите на твоите добродетели, за да не ти се поткраде црвот на гордоста и да не го уништи плодот на твоето смирение,
славољубието да не ја помрачи твојата побожност, гневот – твојата кротост да не ја одземе,
раздразненоста – твојата благодушност да не ја уништи, караницата – мирот твој да не го наруши,
непријателството – да не послужи како пречка на добрата дружба,
паметењето на злото – љубовта взаемна да не ja пресече, навредата – согласноста да не ja отстрани,
чревоугодувањето – на постот да не му попречи,
жедта – да не ja намали воздржливоста, негрижата – да не ја прекрати ревноста,
сонот – да не го успие бдеењето,
унинието – да не ја намали усрдноста,
мрзливоста – да не му попречи на служењето,
мрморењето – да не ja намали послушноста,
непослушноста – да ja не прегради вратата на послушноста,
празните зборови – да го не победат пеењето на псалмите,
шегите – да не го победат славословието, смеата – да не го совлада плачот,
блудот – да не го уништи целомудрието,
среброљубието – да не биде ставено над грижата за придобивање на немаштијата.
Пази се твоите родители да не ги сакаш повеќе од Христа и co овој свет да се насладуваш повеќе отколку co небесното царство;
страста кон озборувањето – да не го поттикнува твојот јазик;
зависта спрема некого – да не те измачува;
измама некаква – срцето твое да не го помрачи,
лицемерието – да не те лиши од вистинските блага,
кражбата – од царството небесно да не те одвои,
неправда – влегувањето во рајот да не ти го попречи;
желбата да им угодуваш на луѓето – одвижноста пред Бога да не ти ја одземе,
љубовта спрема земните задоволства да не ти ја одземе љубовта спрема Бога и похотта телесна – да не ја изгасне скрушеноста на срцето твое.