МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЗА НЕЈЗИНА ПОМОШ И ПОСРЕДНИШТВО
Една од молитвите на свети Ефрем Сирин за Нејзина помош и посредништво теолошки сумира:
“Јас бедниот и заблудениот се фрлам во правта пред неискажливото Твое милосрдие, Пренепорочна Владичице. Оти немам друга надеж, немам друго прибежиште освен Тебе, единствена моја утехо, единствена заштитничке – Тебе,
радување на мојата душа, избавување од тагите,
откупување од ропството, обожение на смртните, наше очистување и прибежиште,
преродување на паднатите, обновување на мојата душа и на телото,
искупување на гревовите мои, од Бога излиено оросување на моето пресушено срце,
светлозарен светилнику на мојата помрачена душа, покривање на мојата голотија,
прекинување на моите ридања, промено на мојата судбина.
Во Тебе e сета моја надеж, co Тебе се фалам;
не лишувај нѐ од твоето посредување, но секогаш помагај,
закрилувај нѐ и не нѐ оставај!
Твоите молби пријатни My ce на Единородниот Твој Син, оти Оној Кој благоизволи да земе на Себе образ на слуга, има изобилие на милост кон Тебе, Која си My послужила, раѓајќи Го на неискажлив начин.
Тој се радува на Твоите посредништва, и сметајќи ја Твојата слава за Своја сопствена, Тој co задоволство ни излегува во пресрет…
Co Твоите молитви орасположи Го кон мене Твојот Син и Бог, и удостој ме co небесното Царство да Го фалам и благословувам Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.