Прибегнувам кон брзата помош Твоја Владичице Богородице!
Голем должник сум ти, кој блудно го расфрлив наследството свое,
одавајќи се на блуд, полош и од Манасијата,
постанувајќи со срце тврдо повеќе и од богатиот,
роб на стомакоугодувањето,
лукави помисли, љубител на срамни нечисти зборови,
страно ми е секое добро дело!
Прими го смирението мое Пречиста;
сожали се на немоќта моја Сенепорочна!
Пред Родениот од Тебе, Ти имаш најголема слобода, како што никој ја нема.
Не ги презирај солзите и ридањата мои!
Не ја отфрлувај тагата на срцето мое!
Радувај се, Искупување на Ева!
Радувај се запечатен сосад на Духот Свет!
Радувај се Извору на благодатта и бесмртноста!
Радувај се најбожествен Храму!
Радувај се Престолу Господов!
Радувај се, Мајко на Христа, Синот на Бога живиот,
на Кој му приличи слава чест и поклонување сега, секогаш и насекаде!
Амин во вековите!