Просвети ме добри Исусе, со сјајот на внатрешното светло и истерај ја од собата на моето срце секоја темнина.
Скроти ги многуте престапи и отклони ги силните напасти. Бори се одлично за мене и истерај ги дивите ѕверови, т.е. замамните пожуди; за да бидам мирен во Твојата добродетел и да одекне изобилна благодарност кон Тебе во светиот двор, т.е. во чистата совест.
Заповедај им на ветриштата и бурите, речи му на морето: Смири се! И на северниот ветар:
Не дувај! и ќе настане голема тишина. Испрати го Твоето светло и вистина (Пс. 42,3) да светат на земјата, зашто јас сум земја пуста и празна додека Ти не ме просветлиш.
Излиј ја одгоре Твојата милост, накваси го моето срце со роса, пушти ја водата на побожноста да го накваси лицето на земјата и да даде обилен и најдобар плод.
подигни го духот, притиснат од тежината на гревот, и насочи ги сите мои желби кон небеските работи. Та откако ќе вкуси од милината на небеската среќа, да замрзи да мисли на земното.
Зграби ме и оттргни ме од секоја минлива утеха и било кое создание, зашто ништо создадено не е во состојба потполно да го задоволи мојот копнеж и да ме утеши.
приврзи ме за себе со неразврзливата шивата врска на љубовта, зашто Ти единствено си доволен на оној којшто љуби, а без Тебе се е безвредно.
2.
Господи, Боже, дај ми Ти што сакаш, колку сакаш и кога сакаш.
Прави со мене како што Ти се допаѓа, но така да можеме да Те препознаеме во Твоето дело.
Постави ме кајшто сакаш и постапувај со мене според Својата драга волја.
Во Твојата рака сум.
Прави со мене што сакаш.
Твој сум слуга, на се` сум спремен.
Не сакам да живеам за себе, туку за Тебе и тоа потполно и достојно на Тебе.