“Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде u ce сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги co елеј u co вино; пa, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и ce погрижи за него.
Се сожали, му ги преврза раните, му ги полеа co масло и co вино, го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата, се погрижи околу него, му плати на гостилничарот и за натамошниот труд околу него и вети дека и понатаму ќе се грижи за ранетиот и ќе плати за неговото лекување.
Преврзувањето на раните го означува непосредниот допир на Христа co болниот род човечки. Co својата пречиста уста Тој им зборува на луѓето во ушите; co своите пречисти раце Тој ги допира слепите очи, глувите уши, лепрозните тела, умрените. Co мелем се преврзуваат рани.
Гостилницата јa означува светата соборна и апостолска Црква, а гостилничарот апостолите и нивните наследници, пастирите и учителите на Црквата.