“Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде u ce сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги co елеј u co вино; пa, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и ce погрижи за него.
A утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: припази го, a ако потроши нешто повеке, кога ќе се вратам, ќе ти платам”.
Кој e овој Самарјанин? Тој e самиот Господ Исус Христос.
Зошто Господ се нарекува Самарјанин? Затоа што ерусалимските Евреи ги презираа Самарјаните и ги сметаа за нечисти идолопоклоници, та не се мешаа, ниту пак општеа едни co други.
Господ дојде до човечкиот род – дојде до него. Човечкиот род е болен и очаен, a лекарот дојде до него. Сите луѓе се грешни, и сите луѓе лежат по земјата, залепени за земјата, само безгрешниот Господ, чистиот и здравиот Лекар, стои простум.
“Дојде при своите”, се вели на друго место (Јован 1, 11), за да означи дека Тој дошол облечен во тело какво што имаат другите луѓе, не разликувајќи се однадвор од грешниците и смртно болните. Во овој случај се вели:
“Дојде до него”, за да се означи разликата негова во силата, во здравјето, во бесмртноста и безгрешноста од смртно болните и грешниците.
Тој го погледна ранетиот, како што го погледна и свештеникот;
Тој му пристапи на ранетиот, како што му пристапи и левитот;
но Toj стори нешто повеќе, многу повеќе, отколку свештеникот и левитот.
Се сожали, му ги преврза раните, му ги полеа co масло и co вино, го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата, се погрижи околу него, му плати на гостилничарот и за натамошниот труд околу него и вети дека и понатаму ќе се грижи за ранетиот и ќе плати за неговото лекување.
И така, додека свештеникот се задржа само на едно голо видување на ранетиот, додека левитот се задржа на видување и пристап кон ранетиот, Месијата, небесен лекар, направи десет работи за него – десет (знак за полнота на броевите), co што се покажува полнота на грижата и љубовта на Господа и Спасителот наш околу нашето спасение.
Тој не само што го преврза и не го остави кај патот, бидејќи тоа не би била потполна помош, ниту пак само го однесе во гостилницата и отиде, бидејќи гостилничарот би рекол дека нема co што да го негува болниот и дека мора да го исфрли надвор; затоа Тој му плати однапред за трудот трошокот.
На ова би се задржал и најмилосрдниот човек. Но, Господ оди понатаму: ветува дека и понатаму ќе се грижи за болниот, дека ќе се врати во посета и дека ќе му доплати на гостилничарот колку што ќе треба. Ова e полнота на милосрдието!
Па уште кога се знае дека ова не го прави брат на брата си, туку Самарјанин на Евреин, непријател на непријателот, тогаш мора да се рече: ова e надземно, небесно, божествено милосрдие.
Тоа e сликата на Христовото милосрдие кон човечкиот род.
Ho, што означува преврзувањето на раните? Што маслото и виното? Што добичето? Што двата денарија, гостилницата, гостилничарот и враќањето на Самарјанинот?
Преврзувањето на раните го означува непосредниот допир на Христа co болниот род човечки. Co својата пречиста уста Тој им зборува на луѓето во ушите; co своите пречисти раце Тој ги допира слепите очи, глувите уши, лепрозните тела, умрените. Co мелем се преврзуваат рани.
Самиот Господ e тој небесен мелем за грешното човештво. Тој себеси се привива на раните на човештвото.
Маслото и виното означуваат милост и вистина. Добриот лекар прво го милува болниот, потоа му дава лек. Но и милоста e лек и науката е лек.
Добичето го означува телото човечко, кое самиот Господ го зеде на себе, за да биде поблизок и поразбирлив.
Како што добар пастир, кога ќе ја најде загубената овца, ја зема на рамо и радосно ја носи во својот двор, така и Господ ги зел врз себе заскитаните но најдени грешници и ги носи во својот двор небесен, за и тие да бидат таму каде што e Тој.
Навистина, луѓето во овој свет живеат меѓу демоните како овци помеѓу волци. Господ е добриот Пастир, кој дојде да ги побара своите овци, и co своето тело да ги заштити од волците; и откако дојде, се смилува над луѓето, оти беа како овци без пастир (Марко 6, 34).
Телото на луѓето тука се прикажува како скот (животно), за да се прикаже бесловесноста на телото без словесната душа.
Гостилницата јa означува светата соборна и апостолска Црква, а гостилничарот апостолите и нивните наследници, пастирите и учителите на Црквата.
Црквата e основана уште за време на земниот живот на Христа, оти се вели дека Самарјанинот ro донесе ранетиот во гостилницата u ce погрижи за него.
Господ е основач на Црквата и првиот трудбеник во својата Црква. Додека Тој лично се трудел околу ранетиот, гостилничарот не се спомнува. Дури утредента, откако Неговото земно време измина, му се обраќа на гостилничарот и му го предава болниот на згрижување.
Два денарија според некои толкувачи означуваат два завета што Бог им ги даде на луѓето: Стариот и Новиот завет. Тоа e Светото Писмо, светото откровение на милоста и вистината Божја. Никој не може да се спаси од гревот, од раните на душата, сѐ додека колку-толку не ja запознае милоста и вистината Божја, откриена во Светото Писмо.
Како што човекот само при светлоста на сонцето ги гледа сите патишта пред себе и избира по кој пат ќе се упати, така единствено при големата светлост на Светото Писмо човекот ги гледа пред себе патиштата на доброто и злото и ги разликува едните од другите.
Но овие два денарија ги означуваат двете природи на Исус Христос, божјата и човечката. Двете овие природи Господ ги донесе co себе во овој свет и ги стави во служба на родот човечки.
Никој не ќе се спаси од тешките рани на гревот, ако не ги признае овие две природи на Господ Исус Христос. Оти раните на гревот се лекуваат co милоста и вистината; едниот лек без другиот не e лек…
Пренесено од книгата “Омилии на неделните и празничните евангелија на епископот охридски Николај
– Подготви М. Даниловска
Свето евангелие според светиот апостол Лука
10:25-37
25. И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?”
26. А Он му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?”
27. Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!”
28. Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.”
29. Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: „А кој е мојот ближен?”
30. Исус му одговори и рече: „Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.
31. Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник, и кога ги виде, си замина.
32. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде.
33. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали.
34. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него.
35. А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: »Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.«
36. Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?”
37. А тој одговори: „Оној што му направи милост.” Исус му рече: „Оди и ти прави така!”