
За Богородица
…Таа е најчистиот израз на човекбвата љубов и одзив кон Бога:
Марија, Мајката Христова…
Богородица, на сите православни нкони насликана co Богодетето во своите прегратки.
Во Неа, вели една православна химна,
“сите созданија се радуваат”.
Ho, за каква радост станува збор?
Зошто, според нејзините сопствени зборови,
“сите поколенија ќе ја нарекуваат благословена”?
Затоа што таа, во својата љубов и послушност прифати да биде она сѐ што е од вечноста создадено и наменето да биде:
Храм на Светиот Дух, човечност Божја.
Таа прифати да ги даде своите тело и крв, т.е. сиот свој живот, за да постане тело и крв на Синот Божји.
Прифати да биде мајка во најпотполната и најдлабоката смисла на овие зборови,
давајќи живот на Другиот и својот сопствен живот исполнувајќи го и осмислувајќи го во Hero.
Taa ја прими единствената вистинска природа на секое создание:
да ja пронајде смислата, a co тоа и исполнувањето на својот живот во Бога.
Примајќи ја оваа природа таа ја исполни женственоста на создавањето…
Bo Марија – Жената, Дева, Мајка – во нејзиниот одговор кон Бога, Црквата го здобива својот живот и личен поредок на невеста Божја.
Само послушноста кон Бога, единствениот Господ на сѐ создадено, ѝ ја дава на љубовта нејзината вистинска насока, ја преобразува во потполна љубов.
Така, правата љубов кон Бога е вистинската послушност.
Таа е вистинскиот одговор кон својот Создател.
Преданието ја нарекува Богородица “новата Ева”.
Тaa го стори она што првата Ева не успеа да го направи.
Ева не успеа да биде жена. Ева ја презеде иницијативaта, таа ‘предложи’ и стана женско, инструмент за раѓање. co кој ‘управува’ човекот…
Но, Богородица не ја презема “иницијативата”. Во љубов и послушност, таа чекаше на иницијативата од Другиот.
А кога таа иницијатива дојде, Дева Марија ја прифати. не слепо, затоа што запраша:
“како ќе биде тоа?’. co потполна трезвеност, простодушност и радосна љубов.
Ни пристигна радоста на вечната пролет, кога на денот на Благовештение го слушнавме решителното:
“Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои” (Лк. 1, З8).
Ова е навистина, севкупната твар, целото човештво и секој од нас ги препознава тука зборовите, кои ја изразуваат нашата конечна природа и битие, нашето прифаќање да бидеме Невеста Божја, нашето свршување за Оној Кој нѐ љуби од Вечноста.
Таа е Дева.
Но. оваа девственост не е негација, ниту просто отсуство на нешто;
тоа е полнотија и целовитост на самата љубов;
тоа е потполност на самопредавањето на Бога и сржта на изразувањето и својството на таа љубов.
Зашто, љубовта е глад и жед за целината, тоталноста, полнотијата, девственоста – во полното значење на овие зборови.
Таа е мајка.
Мајчинството е осмислување на женственоста, затоа што тоа е исполнување на љубовта како послушност и одговор.
И давајќи се себеси, љубовта дава живот, станува извор на животот…