„Отец, еден монах го молел авва Пахомиј да му даде подвиг на мачеништво. Пахомиј му одговорил:
„ Храбро поминувај низ подвизите на монаштвото и на небото ќе бидеш заедно со мачениците.“
– Монаштвото е мачеништво, монахот е маченик, само без крв.
– И уште е кажано:
„ Наместо мачеништво со крв, се појавило мачеништво со совест?“
– Прв пат го слушам тој израз. Тоа е многу точно.
Значи, мачеништвото не на волјата, туку мачеништвото на совеста раѓа мачеништво на волјата.
Разобличи ја совеста, која настанува кога се оддалечуваш и ги нарушуваш заветите.
Тоа е бескрајна самопринуда.
Тоа е бескрвно мачеништво.
Од тоа и се плашиме:
Бескрајно себеси да се принудуваме и доброволно од се` да се одрекуваме.
Оној, што не се одрекол од страстите, душевните страсти, нема право пред себеси ниту да помисли:
„Помилуј не`“, туку само – „Помилуј ме грешниот“!
– А како тој може да знае дела го осенила благодатта?
– Тоа е посебно просветлување на срцето.
Тој како да добива разрешување или потреба да ги замени зборовите „помилуј ме грешниот“, со зборовите „помилуј не` “.
– Што значи: „Не се искупил“?
– „Не се искупил“, т.е. свесен е за тоа дека нема право да се моли за било кој, туку само за себе, се` додека не престане да робува на телото и додека не се избави од своите омилени гревови.
И додека не го добие тоа разрешување, внатрешно, за кое тука се зборува. Треба да се добие внатрешно разрешување.
Се` додека во него се страстите, тој се чувствува нечист пред Бога. “
Извадок од „Старец Сампсон“ – Беседа за животот во манастир