СОВЕТИ ЗА НОВОПОЧЕТНИЦИТЕ
4. За кого треба на прво место да се запали свеќа и за што да се моли?
– На прво место добро е да се запали свеќа во централниот дел од храмот (ако не е поинаку решено:
на пример во параклисот во црковниот двор), каде што на аналојата (специјална маса со коса површина) лежи иконата на денот на храмот (храмовата икона), кого Црквата го слави во одреден ден.
Потоа може да се запали свеќа пред иконата на Спасителот, на Божјата Мајка, на било кој светец, на кого вие сакате.
Ако во храмот нема посебна икона од светителот на кого вие сакате да се помолите, тогаш можете да запалите свеќа пред иконата на Сите Светители и да се помолите како на свој светител, како и на сите.
Господ треба да се моли за опростување на гревовите, да Му се заблагодарите за Неговите добри дела кон вас, да молите помош за сe`.
Во молитвите може помош да побарате и од Божјата Мајка, а исто така и од другите светители.
Исто така треба да запалите свеќи за упокоение на покојните (на долниот дел од шанданите или на она место што е одредено од црковниот одбор).
Господ треба да го молиме за Тој да му ги прости гревовите на покојните роднини и пријатели и да им дарува Царство Небесно.
5. Зошто за време на службата во храмот треба да се стои?
– Во храмот се извршуваат богослуженија и свештенодејствија, за чие време човекот со својата душа, со умот и срцето стои пред Бога, а бидејќи душата и телото се поврзани еден со друг, тој со својата телесна положба ја изразува својата внатрешна состојба.
Човекот е создаден од Бога, така да самата вертикална положба на телото укажува на неговото возвишено назначение.
Христијанинот за време на богослужбата – не е љубопитен гледач, туку благоговеен соучесник во свештеното дејство.
И кој искрено, внимателно, со сета душа се моли, тој не чувствува умор.
Се подразбира, луѓето, кои страдаат од телесни болести, или имаат потреба од дополнителен одмор (напр:, бремените жени, постарите луѓе, инвалидите), можат да седат на клупите, кои ги има во сите храмови.
Но за време на читањето на Евангелието и во особено важните места во Литургијата треба да станат.
“Подобро седејќи да мислиш на Бога, отколку стоејќи на нозете”,
– зборувал московскиот светител Филарет (Дроздов).