Икона од 5. век

ЗА БОГОРОДИЧНАТА МОЛИТВА

БОГОРОДИЧНО ПРАВИЛО ПО УСТАВОТ НА СВЕТИСЕРАФИМСКО-ДИВЈЕЕВСКИОТ МАНАСТИР

„Богородице Дево, радувај се благодатна Марие, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените и благославен е плодот на утробата Твоја, зашто си го родила Спасителот на душите наши“!

+++

Преподобниот Серафим Саровски ги благословил своите духовни чеда секогаш кога ќе вршат литијски вход по Канавката (каналот околу Дивјеевскиот манастир, за кој се верува дека Атихристот не ќе може да го премине), да ја читаат ‘‘Богородице Дево‘‘ 150 пати, односно да го читаат Богородичното правило, кое го содржи целокупниот живот на Пресветата Мајка Божја, кое е поделено на 15 дела според најважните случки од Нејзиниот живот.

По откровение на самата Богородица исполнувањето на ова правило поважно е од Акатист, и оној кој што го исполнува ова правило се наоѓа под посебна заштита на Царицата Небесна.

,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киеев!“

По преданието на руските монаси, Богородичното правило е правило кое самата Мајка Божја го открила во 8. век и истото некогаш го исполнувале сите христијани.

Во ќелија на св. Серафим Саровски е пронајдена тетратка во која се опишани чудата кои им се случувале на оние кои секојдевно го исполнувале Богородичното правило.

Многу од монасите и јереите кои биле блиски со свети Серафим Саровски, исто како и од неговите духовни чеда секојдневно го исполнувале ова правило.

Еден од нив е схимонахот старец Захарија (1850-1936). Тој говорел: ,

,Без благословот на Царицата Небесна, деца мои, ништо не правете.

Кога ќе завршите некоја работа, заблагодарете и Нејзе, Брзопомошницата во се богоугодно.

Старецот многу се радувал кога некој од неговите духовни чеда го исполнувал Правилото.

Друг старец, отец Данило Гумановски, кроток и тивок молитвеник, целиот свој живот го исполнувал Богородично правило.

Поради љубовта кон Небесната Царица, за време на животот бил наречен Богородичен старец. Во едно зачувано писмо кон едно свое духовно чедо напишал:

,,Ќе ви дадам еден вистински спасоносен совет – читајте ја секојдневно по 150 пати Богородице Дево, и таа молитва ќе ве спаси.“

Претходна статијаИ сите ќе бараме, денес, благослов од духовникот да ни го благослови постот, но…
Следна статијаПрепреките самите си ги поставуваме со непростување.