Дома Молитви Молитва пред патување кон Богородица!

Молитва пред патување кон Богородица!

0
1287

О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, патеводителке, закрилнице и надеж за мое спасение!

Ми претстои да тргнам на пат, и Тебе ти ги предавам и душата и телото.

Целиот себе си се предавам на Твоето промислување и на Твојата сесилна помош.

Сесрдно те молам, милосрдна Мајко, раководи ме во мојот пат, чувај ме под твојот покров од секаква несреќа и скрб, од видливи и невидливи непријатели.

Богородице, моли го милостивиот Бог, Кој некогаш на својот слуга Товиј му го испрати Ангелот Рафаил, за да го пази од секакво зло по патот.

Сега и мене да ми испрати Ангел патеводител, за да ме чува при патувањето, и здрав и спокоен да ме врати во мојот дом, во слава на Неговото свето име.

Затоа јас ќе го прославувам преку сите денови на мојот живот и Тебе Владичице, ќе Те величам сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.

+ + +

Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.

По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не’.

Амин.