Чудотворна икона на Мајката Божја, исчезната во пожар, пронајдена во манастирските урнатини
На 5 јули 2019 година, црквата посветена на Казанската икона на Мајката Божја, од 19 век, во Свето-Казанскиот Чимеевски машки манастир во Курганската област во Русија, речиси целосно беше уништена од пожар.
Пожарот избувнал од клима уредот, а пламените го зафатиле и покривот на црквата. Ова беше една од трите дрвени цркви во регионот.
Но, и покрај тоа што црквата речиси целосно изгоре, во урнатините на црквата беше пронајдена чудотворната икона на Мајката Божја, иако доста оштетена.
Уште едно слично чудо со оваа икона се случило во 1770 година, кога повторно после пожар била откриена недопрена, а само на десниот образ на Мајката Божја имало гребнатина.
Многумина поклоници ја посетувале црквата со надеж за исцеление и постојат стотици записи според кои многумина добиле исцеление од чудотворната икона.