ШЕСТА п е c н a

Молитва на пророк Јона (Јона 2, 3-10)

„Кон Господ повикав во мојата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој.

Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене.

Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ja видам светињата Твоја?

Me притиснаа водите до гушата моја, бездната ме затвори; co трева морска главата моја е обвиена.

Слегнав до корените на планините, земјата co резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата.

Кога животот ми згаснуваше, се сетив на
Господ, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.

Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,

но јас co благодарствена песна ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ке го исполнам. Во Господ е спасението!”

Слава и сега:

Пренесено од “Псалтир”

Претходна статијаСАКАШ ДА СЕ НАУЧИШ НА БОЖЈАТА ЉУБОВ? (Свети Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаСЛЕПАТА ЉУБОВ НЕ Е ЉУБОВ (За љубовта кон ближниот – Св. Игнатиј Брјанчанинов)