Слава. и сега:
ПЕТТА песна
Молитва на пророк Исаија (Исаија 26, 9-20)
Сo душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и co духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.
Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодејствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово.
Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ќе видат и ќе се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ќе ги голтне Твоите непријатели.
Господи! Ти ни даруваш мир, зашто и сите наши дела Ти ги уредуваш за нас.
Господи, Боже наш! Други господари, освен Тебе, владееле над нас; но само преку Тебе ние го славиме Твоето име.
Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти ги казни и истреби, го уништи секој спомен за нив.
Ти го намножи народот, Господи, го намножи народот. Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници.
Господи, кога беа во беда, тие Те бараа; изливаа тивки молитви, кога ги стигнуваше Твојата казна.
Како трудна жена, кога ќе раѓа, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе, Господи.
Бевме трудни, се мачевме, но родивме само ветар; спасение не и’ донесовме на земјата, и други жители во вселената не се појавија.
Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; зашто Твојата роса е роса на светлина, и земјата ќе ги даде мртовците.
Ајде народе Мој, влези во покоите свои и
затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот (Господов);
Пренесено – Псалтир