„… Свети Серафим Саровски (1759-1833) исто така на своите духовни чеда им го препорачуваше ова правило.
На монахињите од Дивеевскиот манастир им советуваше секојдневно, шетајќи околу ѕидот на манастирот да ја изговараат молитвата
„Богородице Дево“ сто и педесет пати.

Во келијата на овој светител е пронајдена необична книгичка со опис на чудата кои им се случувале на луѓето кои го држеле ова молитвено правило.

Точно, прво се чуда, а потоа секојдневна реалност.
Се запишуваат единствено за да се поттикнат верата и подвигот на другите…“

ПОФАЛНА ПЕСНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со Тебе! Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души!

(150 пати, секој ден)

Претходна статијаСВЕТА ТАЈНА ЕВХАРИСТИЈА- Таа е чудо според суштината!
Следна статијаХристијанска медитација или Христијанска духовност?!