Пресвета Дево, Мајко на нашиот Господ Исус Христос, семилостива заштитнице на сите кои co вера прибегнуваат кон Тебе!
Од висините на Твојата небесна слава погледни на мене, послушај ja мојата смирена молитва и принеси ја пред Твојот возљубен Син.
О, преблагословена Богородице! Ти си скоропослушница на сите и радост на оскрбените. Чуј ме и мене оскрбениот. Ти Која ги смируваш тагите смири ги и моите таги и исцели ги моите душевни и телесни болести.
Ha Тебе, после Бога, ја полагам сета моја надеж. Биди ми покровителка и силна застапница пред Твојот Син, нашиот Господ Исус Христос и укрепи ја мојата вера во Hero. Утврди ме во неговата љубов и научи ме да Те сакам, пресвета Мајко Божја, преблагословена Марија!
Ha Твојот сесилен покров, се принесувам себе си, Пречиста Богородице. Амин.