Милостив Спасителу, co Твојата божествена сила Ти ја воскресна ќерката на Јаира, го воскресна синот на вдовицата во градот Наин и го воскресна четиридневниот Лазар. Неискажлива е Твојата сила, зашто Ти си живот и co Твојата сила, и co Твојата голема милост им даруваш живот на сите.
Кон Тебе co вера пристапиле многу болни и немоќни и Ти на сите им го врати здравјето и го обнови нивниот живот, за да ja прославуваат Твојата сила и Твојата бескрајна добрина.
Господи, во Твое име и денес има безброј оздравувања, зашто Ти испраќаш сила одозгора, ги зацврстуваш ослабените врски на нашата природа, го враќаш телесното здравје и ги креваш болните од постелата. Твојата милост изобилно се излева врз сите што веруваат и се надеваат на Твојата божествена сила.
Ете, и јас пристапувам кон Тебе и Ти се молам, Милостив Лекару, слушни го гласот на моето натажено срце, испрати му сила на моето болно дете, да ја издржи болеста, дарувај му здравје и ослободи го од тешкото страдање.
Смилувај се на нас што страдаме и нашата мака претвори ја во радост. Верувам, Господи, во Твојата сила и потполно се надевам во Твоето човекољубие.
Засили ја мојата вера, смилувај се на мене и дај му здравје на моето болно дете. Тебе, Ти го предавам Преблаги Исусе, Ти помогни му, та секогаш да и’ служи на Твојата света волја и да го прославува Твоето пресвето и спасоносно име, заедно co сите нас што Ти се поклонуваме Тебе, на беспочетниот Твој Отец и на Пресветиот, Благ и Животворен Твој Дух. Амин!