Светиот Архангел Гавриил
Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји.
Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји.
Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече:
„Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19).
Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог.
Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева.
Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог.
Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.
Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога.
Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.
Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил.
На овој број некои им го додаваат и Еремиил.
Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни.
Зошто Бог не го испрати Михаил?
Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера.
А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение!