Дома Празници БОГОЈАВЛЕНИЕ  –  Свети Григориј Палама

БОГОЈАВЛЕНИЕ  –  Свети Григориј Палама

0
681

БОГОЈАВЛЕНИЕ   Свети Григориј Палама

И штом се крсти,

Исус веднаш излезе од

водата.

Одеднаш мv ce отворија небесата,

и го виде Духот

Божји дa слегува како гулаб

и да се спушта над Него.

И ете, глас од

небесата говореше:

„Овој е

Мојот возљубен Син,

Kој е по Mojaтa воља”.

(Maтej 3, 16-17)

Голема и возвишена е тајната на Крштението Христово која е содржана во овие неколку зборови. Тешко е да се протолкува и ништо помалку тешко да се разбере; но бидејќи е од исклучителна важност за спасението, послушувајќи Го Оној што заповеда да ги истражуваме Писмата:

‘Прегледајте го Писмото, зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за Мене’ (Јован 5, 39), ќе се одважиме, колку што е тоа можно, да го испитаме ова Таинство.

Во почетокот Бог рече: ‘Да направиме човек пo Свој образ и подобие’ (Битие 1, 26) создавајќи ја во Адам нашата природа, откривајќи и давајќи му Го на човекот живоначалниот Дух вдахнувајќи Го во него, при што ја откри и троичноста на ипостасите на творечкото Божество, додека сета останата твар е создадена co еден збор на Логосот и Отецот Кој говори.

Tака и сега, при пресоздавањето на нашата природа во Христос, откривајќи се од пренебесните височини и слегувајќи на Hero додека се крштеваше во Јордан, Духот Свет ја откри и тајната на највозвишената и семожна Троица.

Заради што се откри тајната на Пресвета Троица за време на создавањето и пресоздавањето на човекот?

He само поради тоа што тој (човекот) е единствен Нејзин посветеник и поклоник на земјата, туку и затоа што тој единствено е создаден според Нејзин образ.

И навистина, чувствените и бесловесни животни поседуваат само животворен дух, но тој не е во состојба да постои сам по себе, при што воопшто не поседуваат ниту ум ниту разум, т.е слово.

Битијата кои се во потполност над чувственото, т.е. Архангелите и Ангелите, како умни и словесни (разумни) затоа што поседуваат ум и разум, не поседуваат животворен дух, бидејќи немаат тело кое тој дух би го оживотворувало. Бидејќи, значи, човекот поседува ум. разум (слово) и животворен дух кој го оживотворува телото, единствено тој е образ на триипостасната природа.

И како што при пресоздавањето на нашата природа во Јордан се откри највозвишената и семожна Троица како некој прволик во однос на образот на нашата душа, така оние што се крштеваат во Христос после Неговото крштевање три пати се потопуваат во вода, додека Јован претходно крштеваше co едно потопување.

Означувајќи го тоа, евангелистот Матеј вели: ‘И откако се крсти, Христос веднаш излезе од водата’ (Матеј 3, 16).

Христовото симнување во водата и Неговото потопување во неа додека се крштеваше го предизобразува Неговото симнување во адот, а излегувањето од водата Неговото воскресение од мртвите.

Разбирливо и доследно на тоа, Нему во истиот час кога се издигна од водата My ce отворија небесата. Поради нас слезе и беше во подземјето, а излегувајќи од таму заради Себе, но и заради нас отвори не само сè земно и врзано за земјата, туку го отвори и највисокото небо, ‘каде потоа и co тело се вознесе и каде што како претеча за нас влезе’ (Евр. 6, 20).

Како што co таинствениот леб и чаша го наговести Своето спасоносно страдање, а потоа тоа Таинство им го предаде на верните да го извршуваат заради нивно спасение, така и Неговото симнување во адот и излегувањето од таму беше предизобразено co Неговото Крштение, кое исто така им го предаде на верните да го извршуваат заради нивно спасение.

Превземајќи на Самиот Себе мачење и доброволно страдање, и нам од самиот почеток ни подари да заедничариме во Неговите страдања, но без болка (преку крштението), и според зборовите на апостолот, правејќи да се сообразиме co подобието на смртта Негова да се удостоиме благовремено и co ветеното воскресение. ‘А ако сме умреле co Христос, веруваме дека co Него и ќе живееме’ (Рим 6, .

‘И кога излегуваше од водата, веднаш виде како My ce отвораат небесата’. Гледате ли дека Светото Крштение претставува врата кон небото и дека таму ги воведува оние што се крштеваат?

Заради тоа не вели едноставно ‘ce отворија небесата’, туку ‘My ce отворија небесата’, и сè што се извршуваше на Hero, ce извршуваше заради нас.

Заради нас, значи, преку Hero се отворија небесата и таа врата која Он широко ја отвори, очекувајќи го нашето проаѓање. Пред сите останати за тоа сведочи првомаченикот Стефан.

Приклонувајќи ги колената тој ce помоли и, погледнувајќи на небото, го виде она што никој пред Крштението Христово го немаше видено ‘зашто погледна на небото и го виде Исус во славата Божја’ (парафраза на Дела 7, 55).

Он не ја виде само неискажливата слава и наднебесното место, туку и Најљубениот во славата Очева, така што он прв после Христос блажено го созерца она што никој пред Христос го немаше видено и во што ни самите ангелски воинства не се осмелуваат да проникнат: ‘ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, а за нас, co она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и вo кое сакаат да вникнат ангелите’ (1 Петар 1, 12).

Бидејќи го привлече возљубениот, Исус сакаше овој ѓакон да биде прв на небото и многу повозвишен од ангелските духови, зашто беше првиот маченик за вистината.

Нам, значи, преку Hero ни се отворија небесата и Он преку Самиот Себе нè очисти и нас, зашто на Самиот Нему не My беше потребно ни очистување ниту отворање на небесата.

Јован виде сѐ што се случи за да може да им каже подоцна на оние што го прашуваа: ‘Јас видов и посведочив дека Овој Христос е Син Божји’.

Јован, значи, виде како Духот Божји слегна во вид на гулаб и остана на Hero (Јован 1, 32). И обличјето на гулаб сведочи за чистотата на Оној врз Кого се имаше спуштено, бидејќи таа птица не слетува на нечисти и злосмрдни места, а сведочи и гласот Очев од небесата. И погледни, заедно co гулабот се зачу и глас од небесата кој говори:

‘Ова е Мојот возљу6ен Син, Кој е пo Mojaтa волја’ (Матеј 3, 17), Овој Кого сега Го покажува и Мојот Дух, слегувајќи и останувајќи на Hero како на Moj совечен Син.

И навистина, користејќи се co совечниот, единосуштен и наднебесен Дух како co прст, Отецот истовремено огласува и покажува од небесата дека е co Heгo соединет, откривајќи и објавувајќи им јасно на сите дека Оној, Којшто во тоа време се крштеваше од Јован во Јордан, е Синот Негов Возљубен.

Духот не само што се појави како прст co кој Отецот покажуваше, туку и слезе на Оној на Кого што Отецот покажуваше и Го допре, и не само тоа, туку и остана на Heгo како што вели евангелистот:

‘И сведочеше Јован велејќи:

Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана на Него’ (Јован 1, 32). И не само што остана на Hero и во Hero (сведок е оној кој вели ‘од полнотата Негова примивме сите’), туку и пред ова видливо слегување, обитаваше во Hегo невидливо.

За тоа сведочат и бестелесните и небесни ангели, од кои еден, архангел Гаврил, И’ рече на Онаа што во девственост Го зачна:

‘Светиот Дух ќе слегне на Тебе’ (Лк. 1, 35), a исто така и ангелот кој за Нејзе му рече на Јосиф: ‘Зашто зачнатото во Неа е од Светиот Дух’ (Матеј 1, 20).

Co тоа, значи, не е објавено само едно соединување, туку и некоја взаемна поврзаност, натприродна, и истовремено бесконечна, совршена и јасна, co што Он ни се открива како еден Бог во три ипостаси и семожно Божество, како што тогаш и Самиот благоволи да се открие:

Отецот наднебесен, Синот единосуштен и Духот Свет Кој од Отецот исходи и во Синот почива, неслиено co Нив соединет и неразделно од Нив различен.

Постојат Двајца Кои сведочат, додека Еден е за Кого што сведочат; Тие сведочат за Своето Божество и за Нивното меѓусебно единство и различност, за Божеството на чиешто превасходно владичество My ce разделија сите небеса истовремено, за единството врз основа на најпотполното и бесконечно соединение и согласие, и за разликувањето основано на различноста и на взаемната поврзаност на ипостасните имиња.

Се возвишува кон тоа достоинство и нашата природа која Он ја прими и стана неразделива од Синот Божји, така што и после Неговото очовечување постојат три за поклонение достојни и озарувачки ипостаси во кои веруваме и во кои се крштеваме, соблекувајќи го во божественото Крштение стариот човек и облекувајќи се во Христос, новиот Адам, Кој во себе ја обнови нашата co грев обременета природа, бидејќи благоволи да ја прими од крвта на Дева и co Себе да ја оправда, a потоа сите оние кои од Hero ce родија во дух ги ослободи од прародителското проклетство и осуда.

И што значи сега тоа? Зарем тоа, што Синот Божји не прими од нас ипостас туку природа, којашто ја обнови соединувајќи се co неа пo Својата ипостас, значи дека секого од нас, како посебни личности, Он не нѐ направи причесници на Својата благодат и дека секој од нас поединечно не добива од Hero проштевање на своите лични гревови?!

Зарем е можно да постапи така Оној Кој сака ‘сите луѓе да се спасат’ (1 Тим. 2, 4), Кој заради сите нас ‘ги приклони небесата и слезе’ (Пс. 18, 9), Кој што co дела, зборови и страдање ни го покажа патот на спасението, Кој се вознесе на небесата и таму ги приведе оние што Го следат?

Природата која од нас и заради нас ја прими, Он и ја обнови, покажувајќи ја како осветена, оправадана и во сѐ послушна на Отецот, соединувајќи се co неа ипостасно и преку неа сето тоа го оствари и пострада.

Тој ја обнови не само природата, туку и ипостаста на секој од нас верните и ни подари простување на гревовите преку божественото Крштевање, преку исполнувањето на Неговите заповеди, преку покајанието кое им го подари на паднатите и преку причестувањето co Неговите Тело и Крв.

Отецот, објавувајќи од небесата за Оној Кој се крштеваше по тело ‘Ова е Mojoт возљубен Син Kој e пo Mojaтa волја’, покажа дека сѐ останато што беше откриено преку пророците, законот, ветувањето и посинувањата, беше несовршено и не беше ниту изговорено ниту извршено по волја Божја, туку го имаше за цел она што денес се извршува.

И што велам, законот кој беше даден преку пророците, ветувањето и посинувањата, кога и самото создавање на светот од својот почеток ја имаше својата цел во Hero, Кој на земјата се крштева како Син човечки, додека од небото бива посведочен како единствен возљубен Син Божји, за Кого и преку Кого беше сѐ создадено, како што вели и апостолот: ‘бидејќи преку Него е создадено сè што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо…’ (Кол. 1, 16).

Според тоа, поради Heгo на почетокот во битие беше повикан човекот создаден по образ Божји, за подоцна co себе да го опфати Праобразот; законот што Бог го даде во рајот беше заради Hero, зашто законодавецот не би го ни давал доколку не би можел да биде совршено исполнет.

И она што после тоа Бог го објави и го изврши беше, може да се каже, направено заради Heгo, и уште може прекрасно да кажеме дека заради Heгo беше и сè надземно, при што мислам на тоа дека ангелските суштества и чинови, односно тамошниот поредок, беа од почетокот устремени кон таа цел, односно кон богочовечкиот домострој (икономија) на којшто му служеа од почетокот до крај.

Бидејќи ‘бпаговолението’ е непосредната, благата и совршената волја Божја, Тој е Единствениот во Кого е Неговото благоволение, во Кого почива Отецот, и Кој совршено My угодува на Отецот како ‘прекрасен советник, ангел на Неговиот голем совет’ (Ис. 9, 6, според Септуагинта), Кој и Самиот My е послушен на Отецот и Кој говори од Отецот, и кој на покорните им дава живот вечен;

и, нека го добиеме сите ние во Самиот Цар на вековите, Христос, на Кого My доликува секоја слава, чест и поклонение, заедно co беспочетниот Отец и пресветиот и благ и животворен Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин

Пренесено од списанието “Премин”, Декември 2008 / Јануари 2009, двоброј