Прва белешка

Летото во 1970 г. За да се дојде од манастирот Ставроникита до ќелијата на подвижникот потребни се дваесет минути.

Местото обилува co диви растенија. Одам по патеката и приближувајќи се до ќелијата на Чесниот Крст, вознесувам благодарствени молитви кон Господ, затоа што ме удостои да го видам светиот отец Пајсиј.

Во исто време го чувствувам своето недостоинство, зашто мислам за тоа дека монасите го посветуваат целиот свој живот на Христа, молејќи се непрестајно, a јас и моите браќа во светот сме смешни co своите безначајни молитвички.

Се приближувам до ќелијата и слегувам по неколку камени скалила, а потоа запирам за да земам здив. Од внатре го слушам пеењето на старецот.

Тој го пее Великиот покаен канон. Истовремено се слушаат и удари од чекан. Еден момент подоцна чукам на вратата, но не добивам одговор.

Старецот не ме слуша: целосно е потопен во псалмопеењето и ракоделието. Чукам по третпат, но малку посилно. Bo истиот миг го слушнав гласот на старецот однатре, којшто ми одговара: „Амин”.

Тој ја отвора вратата, ме поздравува и ме води во параклисот за да се поклонам. Потоа седнуваме во работилницата и без некоја посебна церемонија почнуваме разговор.

„He заборавај дека молчанието за монасите е најбогоугодна беседа – започнува отец Пајсиј. – Но штом си направил толкав напор да дојдеш, за да добиеш духовна полза, ајде да поразговараме малку. Да зборуваме за она што сака твојата љубов”.

Душата ми е жедна за духовна поука. Личи на сува земја којашто во време на дожд веднаш во себе ја впива влагата. Го молам старецот да ми зборува за духовниот опит и го убедувам дека сѐ што ќе ми каже ќе примам co радост и отворена душа. И старецот продолжува:

„Расејувањето на умот co житејски и празни нешта ја расејува и душата. Човекот треба да се заврти кон внатре, кон необработеното лозје на душата, за да ги искорени сите трња на страстите и на нивно место да ги насади добродетелите.

И биди внимателен: таа работа не е лесна. Потребни се упорност и трпение, бидејќи ќе се соочиш co многу тешкотии. Bo тој твој подвиг многу полезни ќе ти бидат светоотечките книги, кои во денешно време ги има на илјади.

Таму ќе најдеш сѐ за што копнееш и за кое имаш потреба. Тие ќе те поведат по сигурен духовен пат. Но, должен си да ги читаш само co смирение и молитва”.

Откако го рече тоа, старецот замолкна. Тој длабоко ja наведна главата над градите и започна да се моли co видливо умиление. По извесно време, co глас, преполнет co болка и co длабоко сочувство, тој рече:

„Слава Тебе Боже!” Јас, несреќниот, длабоко сум трогнат. Го чувствувам срцето омекнато и просто. Го доживувам тоа по коешто трагав.

Сега го разбирам достоинството на молчанието и ги вкусувам неговите духовни радости, за коишто порано не сум ни претпоставувал.

 

Старецот станува и ми прави кафе. Непрестајно повторува:

„Слава Тебе Боже!” Потоа ми го донесува кафето co вода и малку лешници. Старецот повторно седна и го продолживме разговорот.

Често кога ќе му е тешко да објасни нешто, ги дополнува зборовите co движења на рацете и co изразот на своето просветлено лице. Во сеќавањето неизбришливо ми се врежани и овие негови зборови:

„Пост, бдение, молитва. Ако правилно ги применуваш во животот, брате мој, ќе напредуваш многу.

Биди прост во животот. Ја гледаш ли мојата ќелија, гледаш ли колку е сиромашна? Во мојот дом го има само неопходното. Многуте работи не му помагаат на духовниот живот”.

Го молам старецот да ми зборува за молитвата. Тој и самиот е убеден во мојот голем интерес и најпрво кажува неколку воведни зборови:

„Послушај ме, благословена душо. Разговорот за молитвата е бесконечен, затоа што и молитвата никогаш не завршува.

Молитвата е разговор, заедничарење co Бога. He можам јасно да ти искажам што чувствува човекот што се моли. Душата на вистинскиот христијанин сака непрестајно да се моли.

Тој започнува co славословие, преминува кон вообичаена молитва, a потоа – кон прозбена. И пак од почеток. Молитвеникот ги спомнува и своите браќа и секој ден Го моли Бога да ги просвети, помилува и раководи по патот на спасението”.

Длабок впечаток ми остави желбата на старецот да ми помогне. Тука, во неговата работилница, се чувствувам како во рајот. He сакам да си заминам.

Но, отец Пајсиј ме прекинува. He ме остава многу да се занесувам. Излегуваме од ќелијата и одиме да седнеме под едно старо маслиново дрво. Старецот ми вели:

„Немој да мислиш, брате Дионисиј, дека овде јас сум сам. Имам една жаба, која се дружи co мене. Ене ја во корењето на доматите. Турам по малку вода во коренот и така жабата живее без немаштија. И таа ќе стане монахиња…”

Bo летната жега жабата едвај се помрднува. Од доматите скокнува во саксијата co босилек и по кратко време повторно се враќа на поранешното ладничко место. Старецот продолжува:

„Гледаш ли, брате, во пустината сѐ се припитомува.

Дури и дивите животни се покоруваат на човекот Божји. Еднаш во ќелијата ми се размножија многу глувци.

Само што ќе земев пила за да пресечам некое дрво, околу мене ќе се насобереа петнаесетина глувци и ќе си играа co струготините. Co тоа се забавуваа долго време. Беа гладни кутрите, a jac немав ништо за да ги нахранам. Затоа еден ден си отидоа и не се појавија повторно”.

Co такви свети доживувања започна моето познанство co отец Пајсиј.

Тие негови зборови се втиснаа во моето срце, го посеаја во мене првото семе. Мојата душа беше пленета од неговиот свет лик…

Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на светогорскиот старец Пајсиј” од отец Дионисиос Тацис

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаСвети Архангел Гаврил – еден од седумте серафими најблиски до Бога!
Следна статијаВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – ТАЈНАТА ВЕЧЕРА! Љубиш и не бараш, а најмногу добиваш – Него!