Владетелу Семилостив, како јас, гнасната грешница, да се осмелам да Ти пристапам со молитва, кога сум претстапник на заповедта Твоја, Која Ти си ми ја заповедал преку Мојсеј, пророкот твој – не убивај!
А ја сам сум убиец и тоа сто пати понемилосрдна од змијата, која на младенците свои им дава барем на некое време да ја здогледаат светлината, а после тоа ги прождерува, а јас проклетата сурово ги лишив своите деца, не само од сетилните, туку најнапред од вистинската Светлина на нашиот Господ Исус Христос, Којшто нас низ Тајната на кршетението не`просветлува и поради минливото телесно спокојство, избегнувајќи да имам многу деца, ги убив, уште во утробата своја.
Затоа, помрачена од овие и многу безбројни гревови се надевам само на милоста на милосрдието Твое и смело Ти воскликнувам Алилуја!
Икос 2
Зборовите на животот Твои презирајќи ги, Господе и по волјата на срцето свое одејќи од самата младост моја, па се`до денешен ден, денес во покајание те повикувам:
Семилoстив Спасе мој,
Смилувај ми се мене, која во беззаконие сум зачната;
Смилувај ми се мене, во гревови родената;
Смилувај ми се мене, која заповедите Твои не ги запазив;
Смилувај ми се мене, која од благодатта се лишив Твоја;
Смилувај ми се мене, која за спасението свое не се грижев;
Смилувај ми се мене, која западнав во мрежата на страстите;
Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата!