ЧУВАЈ СЕ ОД ДРСКОСТА КАКО ОД СМРТ (преподобен Исак Сирин)
Во односот кон ближните, раководи се со следнава поука на преподобниот Исак Сирин:
„Подобро да те сметаат за НЕЗНАЈКО,
зарди неспособноста на твојот ум за спорење,
отколку за МУДАР
заради твојата бесрамност и дрскост“.
„ОСИРОМАШИ ЗАРАДИ СМИРЕНИЕ – НЕ БИДИ БОГАТ ЗАРАДИ ДРСКОСТА“.
„Со силата на своите добродетели, а не со пречење, разобличи ги оние што ти противречат.
Со твојата кроткост и со тивки зборови, замолчи ја и принуди ја да престане бесрамноста на непокорните.
Разобличи ги невоздржаните со благородството на својот живот.
И оние чии сетила се распуштени – со срамежливоста на твоите очи“ – учи и Божественото слово и божественото молчење.
– Свети Игнатиј Брјанчанинов)