Злобата на другиот човек треба да ја чувствуваме како – болест што него го мачи,
од која што тој страда и од која што не може да се избави.
Заради тоа, да гледаме на своите браќа со сочувствување и да се однесуваме спрема нив учтиво и благородно , изговарајќи во себе со простота на срцето:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме“, за Божествената благодат да ја зајакне нашата душа и никого да не осудуваме.
Во нашите очи СИТЕ треба да бидат свети.
Сите ние во себе го носиме – стариот човек.
Ближниот, каков и да е тело е од нашето тело, наш брат е.
А ние никому ништо не му сме должни, освен, освен да се љубиме еден со друг,
според апостолот Павле (Рим. 13,8).