Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил во Црквата Самиот Господ, Богочовекот Исус Христос, преку севкупниот Свој живот во тело меѓу нас луѓето.ж

Господ постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш пa наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости.

Доволен показател за спомнатото е животот на кој било од нашите Светии од Пресвета Богородица и Светите Апостоли, па до денес.

Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости.

Во Календарот овие денови се означени со рамка околу датумот.

 

Еднодневни пости:

Среда и петок цела година (освен т.н. редовни седмици)

Во петок постиме затоа што на тој ден беше распнат Господ Исус Христос.

Во среда постиме затоа што се сеќаваме дека на тој ден еден од Неговите  Го предаде во среда.

Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари

Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември

Крстовден – 27 септември

 

Повеќедневни пости:

Велигденски пости (од 11.03 до 27.04)

Петровденски пости  (од 24.06 до 11.07)

Богородични пости (од 14.08. до 27.08.)

Божиќни пости (од 28.11. до 06.01.)

 

Редовни седмици:

Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

Од Божиќ до Водокрст– од 07.01 до 17.01

Седмицата на митарот и фарисејот – од 24.01 до 31.01

Месопусната седмица – од 07.02 до 28.02

Светлата седмица – од 04.04 до 11.04

Духовденската седмица – од 24.05 до 30.05

Претходна статијаЗатоа, во Црквата велиме „прости ми заради Христос!“ (Викарен Епископ Јаков Стобиски)
Следна статијаЗашто и душата има свои штетни јадења, не само телото. (Денес го чевствуваме Јован Касијан Римјанин…)