Имам прашање до свештеникот кое не` стави во дилема. Некој свештеник во црква спомнал дека храна со посебен знак, ние христијаните не смееме никако да ја јадеме , зошто била пеена од оџа.
Ве молам, дали е ова точно, постои ли вакво нешто?
https://www.google.com/search?q=halal&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwis1-PetaXgAhWmgM4BHY0DBFoQ_AUIDigB&biw=1680&bih=908
Одговор од отец Горан Стојчевски:
Матеј 15 глава: 16А Исус им рече:
„Ама вие, уште ли не сфаќате?
17 Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор?
18 А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот;
19 зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;
20 тоа го осквернува човекот.
Дела Апостолски 10 глава:
9 А утреден, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час, се качи на покривот на куќата, да се помоли.
10 Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој имаше видение:
11 и виде отворено небо и некаков сад како големо платно да слегува и се спушта со своите четири краишта на земјата.
12 Во него беа сите четвороножни животни, и земни лазачи, и небесни птици.
13 И еден глас му рече: „Стани, Петре, заколи и јади!”
14 А Петар рече: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!”
15 И гласот повторно му се јави: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!”
E, сега, ако сакаме да вадиме од свој памет забрани, може да толкуваме вообичаено – криво!