ДОЈДИ!

„Дојди, Светлино вистинска; дојди, Животе вечен;

дојди, тајно скриена, дојди, ризницо безимена;

дојди, дејност неискажлива; дојди, Лице несознатливо;

дојди, радост непрестајна! Дојди, Светлино незалезна;

дојди, надеж што сака да ги спаси сите.

 

Дојди, воскресение на мртвите; дојди, о Семоќен, Кој исполнуваш, преобразуваш и менуваш сѐ, со единствената волја Твоја;

дојди, Невидлив, Недопирлив, Недофатлив.

Дојди, Ти Кој секогаш остануваш неподвижен и Кој во секое време се движиш и доаѓаш при нас, кои лежиме во пекол.

Ти си повисоко од небесата.

Никој не би умеел да каже што е Твоето толку посакувано и постојано прославувано име.

Никој не може да знае како постоиш, од кој род или вид, зашто е тоа неможно.

 

Дојди, венецу што никогаш не венееш.

Дојди, Ти Кого бедната моја душа Го сакала и Го сака!

Ти Самиот, дојди при мене осамениот.

Дојди Ти, Кој ме одвои од сите и ме направи осамен на светов и Кој стана моја желба, Кој сакаше да Те сакам, Тебе, апсолутно Недостапниот.

Дојди Ти, Кој си дишење и живот мој, утеха на моето скрушено срце!“

свети Симеон Нов Богослов

Претходна статијаЕве ја состојбата на идниот век!…“
Следна статијаТихување!