(1. Нивата на нашата душа треба да ја обработуваме, да ja чистиме, да ja заливаме, за да ни даде духовни плодови. – 2. Воздржувањето од храна и од сон, тоа се духовните плодови. – 3. Да го поднесуваме недостигот во облекувањето и обувањето. – 4. Доброволно да страдаме заради идното.)
…
1. Како што добрата земја, наводнувана од благодатните струи на Светиот Дух, донесува плод и раѓа добродетели, како полни класје на животот:
како што ги обработуваме нивите, така ги чистиме и нашите души од духовните трња, co огнот на стравот Божји и мечот на вистината.
Затоа, според заповедта на апостолот, не сејте во телото, за да не пожнеете гниење и распаѓање од него, туку сејте во духот, за да пожнеете духовни плодови (Гал. 6, ,учејќи се на трпение, постојанство, великодушност, смирена мудрост, взаемна братска љубов, а мразејќи ги зависта, лукавството, измамата, навредата и клеветењето.
2. Придобијте воздржување.
Воздржувањето е – кога на телото му се дава храна сообразно co неговата потреба, ни премногу, ниту премалку, како што се прави при товарењето на корабите, зашто ако коработ е претоварен, тој може да потоне и да пропадне на морското дно, a кога е лесно товарен, – може лесно да се сврти co дното нагоре.
Исто е и co спиењето: треба да се спие толку колку што е корисно. Лесниот сон следи co умереното јадење, како и: будност и внимателност при пеењето на псалмите, внимателното слушање на она што се чита и разумно проникнување во секој збор од божествените песни.
Бидете насладувани од сето ова, душата е добро расположена, се стоплува и се просветува, насладувајќи се co плодовите на умереноста во cè.
A од изобилното јадење настануваат тешки сонови, па од тоа се и мрачните мисли, и неразбирањето на духовните песни, и стеснување на устата, потемнување на очите, на душата и на телото. Зашто внатрешното се сообразува co надворешното.
Тогаш духовниот крадец навлегува во душата и краде од неа сè што ќе посака. Затоа и Господ рекол: „Бидете будни”!
(Матеј 26, 41).
3. Бог ги сака кротките зборови, послушниот одговор, благото и спокојно лице, тивкото однесување и смирениот разговор.
Оној што си ги поднесува страдањата co трпение и благост, кој благодари и тогаш кога нема облека или обувки или покривка врз главата, – тој е вистински Божји работник: тој ги жртвува привремените и ништожни работи, за да ги добие идните и вечни блага.
И јас се грижам сите да имате сѐ што ви е потребно, но кога ќе настане недостиг на работите што ни се потребни, – никој да не се огорчува и да не мрмори.
Има и такви кои горат од љубов кон Бога, а свесно го лишуваат братот од себеси. Добро прави, се разбира, оној што co благодарност го прима она што му се дава, без оглед на тоа – какво и да е и кога и да е.
4. Царството Божјо и вечниот блажен живот им припаѓаат на оние, кои My угодуваат на Бога. А, кој ли нема да побрза и да потрча, за да ги добие таквите духовни богатства?
Кој е тој што нема доброволно да се реши и да страда, и да се измачува и да трпи и студ и пак да се самоумртвува co тешки подвизи заради придобивање на таквите и толкавите добрини?
– Но, вие не сте лишени од таквите трудови и подвизи, зашто преку откажувањето од сѐ, преку секој вид трпење и претрпување, – вие умирате секој ден, а сепак го имате вашиот живот скриен во Исуса Христа Кој е нашиот живот: – тогаш и вие ќе почнете вечно да се радувате со Него (Кол, 3, 4).
Не барајте овде спокој, туку примајте ги тукашните страдања како сигурна увереност во тамошното вечно успокојување.
Пренесено од книгата “Добротољубие” том IV, Подвижнички поученија за монаси од светиот отец Теодор Студит, 9. стр. 39-40
Подготви: М. Даниловска