Согласно материјалните закони, треба да се утврдува дека, ако сум дал залак леб, јас сум станал посиромашен за залак леб, или, ако сум дал определена сума на пари , така парите кои ги имам сега, се помалку од претходно.

Распространувајќи го тој закон, светот мисли:

„ ако јас сум ја дал својата љубов, така за толкава количина љубов сум станал посиромашен, а ако сум ја дал својата душа, така јас сум разорил во крајност и немам што да спасувам.

Но законите на духовниот живот во таа област се дијаметрално спротивни на материјалните закони.

Според нив, секое дадено духовно богатство не само што како неразменета рублја му се враќа на тој што го дал, туку и нараснува и зацврстува.

Кој дава, тој добива, кој осиромашува , тој се збогатува.

Ние ги даваме нашите човечки богатства и во замена за нив ги добиваме најголемите Божествени дарови.

И тој што ја дава својата човечка душа во замена добива вечно блаженство. Божествениот дар на владеењето со Царството Небесно.

Како се добива тој дар?

Ако тој акт е вистински акт на христијанска љубов, ако тоа себеодрекување е вистинско, тогаш во тој, кому му се одава, се сретнува со Христос, тој го добива тоа од кое се одрекол, повторно, во љубовта, во вистинското Богоопштење….

Пренесен извадок од списанието ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА на Повардарска Епархија

( Типови на религиозниот живот – преподобна маченичка Марија Скобцова)

Претходна статијаИ гневот е лудило, само привремено, или дури и полошо од лудилото!
Следна статијаКој е Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец?