Отец Андреј Ткачјов разговара со неколкумина млади околу смислата на постењето од православен аспект.

Назар, 29 години

Не разбирам зошто Црквата пропишува пост пред најголемите христијански празници.

– Нема да постам пред Божик. Нема да постам едноставно поради тоа што не разбирам зошто Црквата одредува пост пред најголемите христијански празници.

Лично за мене, постот е поврзан со мојот однос со Бога, а не само со традицијата. Се разбира дека ме радува тоа што има луѓе кои постат на некое традиционално ниво, но за мене е најважен мотивот на срцето, а не „должноста“.

Смислата на постот за мене не е само воздржување од јадење туку и воздржување од световни грижи (интернет, телевизија), од секојдневни работи, воздржување за осамување и заедничарење со Бога.

За нашето семејство, постот претставува време за смирување и Божјо спознавање. Во тоа време ние се трудиме да им обрнеме поголемо внимание на сиромасите, вдовиците и болните – се посветуваме себеси на доброчинство.

За време на постот јас ништо не јадам. Само пијам. Ваквиот пост трае најмногу до седмиот ден. Со семејството редовно одиме во црква, а одлуките за постот ги носиме во семејството, во зависност од семејната состојба.

Отец Андреј:

Треба да запомните, дека вие не сте единствени верници. Сите ние веруваме, и тоа значи дека треба заедно да постиме и заедно да празнуваме.

– Во принцип добро постапувате, впрочем, порано така го одредувале постот – според силите или според одредени околности.

Само не си одредувал секој засебно, туку одлуките ги носел сецрковниот, сенароден карактер, а со текот на времето, тие одлуки станале стожер на Црковната дисциплина.

Човек постепено треба да се труди животот на Црквата да станува негов сопствен живот; не самиот за себе да ги извршува одредбите, туку да се движи со заедничкиот црковен тек.

Кога тој ќе го постигне ова, тогаш тоа е веќе прашање на неговиот личен раст како христијанин. Сѐ што се однесува на духовната пракса е прашање на опит. Постот е вежба, која помага да се вкуси радоста од заедничкото празнување на Божик во сета полнота.

Човекот е она што го јаде.

Добро е што се грижите за вдовиците и сиромасите и што поминувате повеќе време читајќи го Светото Писмо. Само важно е уште и да се помни дека вие не сте единствени верници.

Ние сите веруваме, што значи дека треба заедно да постиме и заедно да празнуваме. А тоа што одлуката за постот ја носите во семејството воопшто не е лошо.

Тоа е лична одлука, и ако вие навистина гледате потреба од тоа, тогаш не гледам ништо лошо во тоа.

КСЕНИЈА 21 година, студентка

Оваа година нема да постам. Го очекуваме првото дете.

– Јас постам секоја година и Божикниот пост не е исклучок. Но оваа година, со оглед на околностите, најверојатно нема да постам. Го очекуваме нашето првенче.

Сметам дека постот на прв поглед е очистување на организмот, така што, тој не им смета ниту на „неверниците“.

Но, за мене постот не значи само воздржување од храна, туку значи и поминување повеќе време на молитва и почесто одење во црква. Постите се држат во моето семејство, а јас еднаш или двапати неделно одам во црква.

ОТЕЦ Андреј:

Сè си има достојна замена. Ако не се воздржувате од јадење, тогаш поминувајте повеќе време на молитва.

– Вашата причина е сосем оправдана. Не може да очекуваме подеднаква строгост во постот од болен дедо и младо момче, од затвореник и војник.

Бремената девојка најнапред треба да мисли, не за себеси, туку за детето кое го носи. Но и покрај ова во историјата има многу примери кога жените машки ги држеле постите за време на бременоста.

Со тоа, тие во детето го зародиле аскетизмот уште во утробата. Но, се разбира, тоа се исклучоци, примери на подалечна светост, примери кои не можат да бидат норми за обичните луѓе.

Но, за сè може да се најде достојна замена. Ако девојката не може да се воздржува од јадење, тогаш може да посвети повеќе време на молитва или за читање на Светото Писмо, или пак да им помага на оние кои за тоа имаат потреба.

 

Претходна статијаВо овој свет секој има тројца пријатели!? (Интересна поука)
Следна статијаДенес, Хиротонија на Епископ полјански Јаков!