Ендогена депресија (од “природата”)
Овој вид депресија ќе го разгледаме врз примерот на болеста на Н.В. Гогољ”.
„Неговата болест во тоа време не била правилно препозната и лекарите неправилно ја лекувале. Духовниот раководител погрешно ја оценувал неговата состојба иако Гогољ за 12 години претрпел девет афективни (болна емоционална состојба) напади на болеста, коишто станувале се’ потешки и добивале нетипична форма поради делирантната слика.
Болниот умрел од тешка исцрпеносг co нарушен метаболизам, a кога ступорот го достигнал врвот – co упорно одбивање храна, co целосна моторна и ментална вкочанетост и мутизам (10 дена не изустил ни збор).
Вториот том од „Мртви души” го спалил исто така за време на депресивна епизода, co болна свест дека е тој самиот безвреден и виновен, а неговото творештво – гревовно…
Болеста на Н.В.Гогољ до денес е предмет на дискусија.
Првиот напад го добива во Рим во 1840 година. Тој осознава дека состојбата во која се наоѓа е необична и болна, и во писмата пишува дека чувствува тежина во градите, притисок како никогаш, забавена работа на цревата (што е типично за депресијата) и некаква болна тага.
Тој вели:
‘Сонцето, небото – се’ ми е непријатно. За мојава кутра душа овде нема засолниште.
Повеќе сум за во манастир сега отколку за световен живот’.
За следната година се карактеристични спротивни состојби: на 5 март 1841 година во писмото до Аксаков вели:
(Да, другар мој, бескрајно сум среќен, доживувам чудесни мигови. во душава ми се создава нешто прекрасно’.
На 13 март: ‘Трудот мој е голем, а подвигот – спасителен’.
Ha Данилевски, на 7 март:
‘О, верувај им на зборовите мои. Co виша власт е отсега облечено словото мое’.
На Јазиков, 23 октомври: ‘На душата ми е убаво и чисто’. Аксаков подоцна вака го коментира ова: Гогољ во тие периоди запаѓа во противречен тон на самоуверен учител’.
Гогољ бил свесен за периодите на возбуда кои настапувале откако ќе му поминела депресијата и траеле неколку недели, кога тој не владеел сосема ниту co своите чувства ниту co волјата.
Всушност, за „Преписката co другарите” тој им пишал на отец Матеј и на Иванов дека ја напишал и ја објавил ‘пребрзо по болеста, кога ни нервите ни главата уште не ми беа вратени во нормалната состојба’.
Во 1842 година повторно запаѓа во депресивна фаза и пишува:
‘Ме совлада мојата вообичаена (веќе вообичаена) периодична болест, кога лежам речиси неподвижен во собата, понекојпат и по 2-3 недели. Главата како да не е моја. Се прекинаа и последните нишки што ме поврзуваа co светот.
Нема повисок призив од монашкиот’ (во писмото до Прокопович). Во 1846 година одново се наоѓа во толку тешка состојба, што единствениот излез, единствениот лек го гледа во тоа да се обеси или да се удави.
‘Молете се, другар мој, да не ме остави Бог во минутите на неиздржлива мака и очај’ (во писмото до Јазиков).
Bo 1848 година, пред да патува во Палестина, писмата се’ уште одразуваат отпор и борба co фазите на болеста што ги насетува. Тој им праќа на блиските и на другарите молитва што самиот ја составил – co молба да го спомнуваат и да се молат за него според таа белешка и покрај тоа што таа се наоѓа во две кратки богоспужби.
‘А душата негова исполни ја co благодатни миспи за сето време на патувањето негово. Изгони го од него духот на колебањето, духот на помислите вознемирувачки, духот на суеверието, неоснованите предзнаци и малодушните претчувсгва, ништожниот дух на плашливоста и стравот’ (во писмото до Шереметјева од 22 јануари од Неапол).
Нападите зачесгиле и биле се’ потешки: во 1849 година му пишува на Жуковски:
‘Што се спучува co мене? Старост или привремено одземање на силите? Или, заправо, 42 години се за мене старост? Како и зошто ме снајде ваква умртвеносг – тоа не можам да го разберам.
Кога би знаеле какви чудни пресврти ми се случуваат, колку силно сум раскинат однатре целиот. Боже, колку претргав (биографот Шенрок ова го чита „прегорев”), колку пострадав’.
Последниот ступор (од декември 1851 до февруари 1852 г.) тече злокобно и Гогољ умира.
Познато е дека две деноноќија поминал пред иконите на колена, без јадење и пиење.
Слугата им се обратил на неговите пријатели, зашто се уплашил дали ќе преживее. Ha 11-12 февруари ги спалува сите ракописи од вториот том на „Мртви души”. Од таа ноќ десет дена лежи во напрегната положба во постелата и не прозборува ни збор до самата смрт.
Значи, дури и при отсуство на историја на болеста и компетентен лекарски опис, од овие потресни и уметнички прецизни самоопишувања јасно е следново:
1. Гогољ боледувал од афективно-делирантна психоза co цикличен тек на нападите.
2. Тој бил свесен за својата веќе вообичаена периодична болесг и се борел co неа co помош на пријателите и на духовникот отец Матеј.
3. Описот на оваа болест во психијатриската литература не бил познат и првпат се појавил две години по смртта на Гогољ (во 1854 г.). Однесувањето на лекарите и на духовникот во однос на патолошките состојби на Гогољ било погрешно.
4. Bo вакви случаи, обврска на духовникот е навреме да ги препознае афективните корени на депресијата и на манијата, навреме да препорача обраќање за помош на лекар и да му помогне да се бори: кога е во период на депресија – co унинието, co гревовните самоубиствени мисли, co безнадежноста, co световната тага, co тагата која „раѓа смрт”, а за време на егзалтација – co горделивите мисли и co преценувањето на сопствените можности коишто непосредно се совпаѓаат co состојба на прелест.
5. Bo религиозните доживувања на Гогољ, особено во првите напади и дури пред 1848 година, имало елементи на борба co болеста, отпор, молитвено повикување Божја помош и молба кон блиските и другарите да му помогнат да се избори co тревожните мисли, co суеверието, неоснованите предзнаци и малодушните претчувсгва.
Во подоцнежните напади, и особено во последниот, веќе целосно преовладале делириумот, чувството на безвредносг, загубата на верата во можност за простување, т.е. сето она што западните психолози на религијата го оценуваат како лажна мистика диктирана од болеста…
Духовникот не разбрал дека ни оддалеку нема работа co обично покајание, co тага поради гревовите на здрав човек, која во општата дијалектика на здравото покајание завршува co радоста на простувањето и враќањето во Татковиот дом.
Гогољ имал ендогена депресија, предизвикана од природни биолошки процеси, природна, и неговата тага не била по Бог, онаа која раѓа цврсто покајание заради спасение, туку тага световна, која доведува до смрт (според апостол Павле).
Затоа, наместо да го ободри и да го поттикне на самоиспитување, наместо да му разјасни дека западнал во болест што има природно, биолошко потекло, дека мора да ја прифати и co трпение да ја носи, како што би поднел тифус, воспаление на белите дробови или туберкулоза, духовникот му советувал да остави се’ и да оди во манастир, а за време на последниот напад го ужаснал co заканите за задгробна казна, така што Гогољ го прекинал co зборовите:
„Доста! Престанете! He можам веќе да слушам! Ова е нешто страшно!”, и побарал од него извинување зашто „го навредил” (според писмото на Плетњов до Жуковски).
Болеста и смртта на Гогољ се типичен случај кога лекарите уште не умееле да го препознаат ова заболување кое дотогаш не било опишано во медицинската литература.
Духовникот исто така не ги знаел биолошките развојни закони на ова заболување и ги толкувал еднострано, духовно-мистично, а не од аспект на широкиот хоризонт на човечката личност и на единството на биолошкото, психолошкото и духовното во нивните сложени заемни односи.
Вакви се резултатите од недоволната компетентност на лекарската и (ќе си дозволам да речам) на духовната дијагноза, кои во наше време веќе се непростливи: да ги одбегнеме во вакви случаи може само co обединети усилби на лекарот и на духовникот. На болниот му е нужна помошта од обајцата”.
* * *
Се разликуваат множество разновидности на ендогената депресија: депресија co вознемиреност, депресија co загуба на емоционалните реакции кон околината, депресија co радразливост или гнев, депресија co помисли и стравови.
Дадениов пример е само посебен спучај иако е мошне илустративен. Bo редица случаи ендогената депресија тече мошне нагласено, причинувајќи му големи страдања на човекот, а во некои спучаи поминува умерено или дури и лесно (т.н. субдепресија).
Уште еднаш ќе повторам дека во случај на ендогена депресија, неопходно е обраќање за помош на лекар-психијатар.
Духовниот подвиг е ист како и кај секоја друга болест. Мошне е важно човек да се смири и да ја поднесе својата немоќ како крст од Господ.
Пренесено од книгата “Униние и депресија – Сличности, разлики, лекување (Православен поглед)” од д-р Дмитриј Александрович Авдеев
Подготви: Мина Даниловска