O, Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Брзопослушничке, Застапничке на сите што со вера кон Тебе прибегнуваат.
Погледни од небесните височини на Твоето величие на мене, грешниот слуга, kоленопреклоно што паѓам пред Твојата света икона. Слушни ја бргу смирената молитва на мене, грешниот, и принеси ја пред Твојот Син.
Умилостиви Го да ја озари мојата мрачна душа со светлината на Својата Божествена благодат и да го очисти мојот ум од суетни помисли, да го успокои моето страдално срце и да ми ги исцели раните, да ме вразуми да чинам добри дела и да ме укрепи да Му служам со страв, да ми ги прости сите злодела, да ме избави од вечните маки и да не ме лиши од Своето Небесно Царство.
О, Преблагословена Богородице, Ти си благоволила со Твојата света икона да се наречеш Брзопослушничка, заповедајќи им на сите со вера кон Тебе да прибегнуваат.
Затоа, не презирај ме и мене, нажалениот, и не дозволувај да загинам во бездната на моите гревови. Во Тебе, по Бога, е сета моја надеж, и на Твојот покров и застапништво се предавам, сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
Свети Нифонт