„Му се јави на Јосиф насон во Египет ангел Господов.“ Сонови – еден од честите начини на кои Господ комуницира со Своите светии во Стариот Завет; но со нив – не со кого било.
И исто така, соновите се чест начин на кои демоните комуницираат со луѓето кои се далеку од светост, а имаат високо мислење за самите себе.
Затоа Светите отци на Новиот Завет ни советуваат соновите да ги игнорираме, да не им придаваме значење.
„За да се исполни кажаното преку пророците.“
И пророштвата се еден од начините на кои Господ комуницира со сите луѓе – и со современиците и со идните, преку Своите свети Пророци – не преку лажните, преку нив само демонот се обидува да комуницира.
Господ комуницира со оние што Го слушаат.
И демонот е во комуникација со оние што го слушаат, како и со оние кои Господ не Го слушаат.
„А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф в сон, велејќи: ’Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби‘.
И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет. И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели:
’Од Египет Го повикав Синот Свој‘.“
Очигледно, уште од самото раѓање Исус Христос – нашиот вистински Бог, го навлекува полека демонот, преку Своето крајно смирение, да влезе во стапицата на идејата дека ќе треба да убие уште еден обичен човек, какви што биле и мнозина други дотогаш.
Крајот ни е на сите добро познат; блажен е тој што верува.”