http://www.mpc.org.mk/pouka.asp…
Коментар на денешното евангелско четиво:

Верувајте во Бог!

Словото, зборот Божји е извршен; сè што ни ветува добиваме!

Ние од интерес даваме – за да ни се врати, со надеж дека ќе добиеме и повеќе отколку што сме дале, и тоа дел од вишокот што го поседуваме – затоа Христос нѐ нарекува „лукави“.

Давањето од интерес произлегува од нашата паднатост и смртност, од барање сигурност во овоземното, од нашето самољубие.

Затоа и се поистоветуваме со овоземните форми на човечко организирање – држави, нации, партии (макар биле и црковни), и си ја губиме душата – во омраза кон оние што не се поистоветени како нас, кон оние кои ја загрозуваат нашата овоземна сигурност.

На оној што доволно го очистил своето срце од страстите и од демоните поврзани со нив, и кој постепено го преобразува и просветлува својот ум,

полека му се отвораат очите да сфати што значи тоа да дава и да се дава како Бог.

Бог од љубов ни се дава целиот Себе, полнотата на благодатта на Светиот Дух.

Така Бог се дава, „не знае“ и „не може“ поинаку;

Бог Е Добар; Бог Е Љубов.

Со тоа што, во таков случај, додека Бог дава од Својата полнота и целиот Себе, ние даваме од тоа што значи „целиот наш имот“, „сѐ што имаме за живот“ – само тогаш стануваме слични на Бог

и само тогаш може да се случи чудото,

пред сѐ, на лична заедница со Него;

секако, само за оној што, преку верата, ќе „ризикува“ да даде сѐ.

Божествената Литургија е само давање.

Христијанскиот живот е само давање.“

Претходна статијаСв. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. маченици. (Од Православниот календар)
Следна статија…Потврдување на Неговата Мајка – Секогашдева Марија…(Дедо Наум)