“Денешното евангелие се однесува на оние што се обидуваат да ги љубат своите блиски без Христос.

Човечката љубов е селективна и се сведува на интерес, на себељубие.

Божествената љубов ја преобразува човечката љубов и таа станува богоподобна – неселективна.

Уште се однесува на секој оној што не прима сѐ што му се случува – па макар и лошо, како дар Божји,

оној што не благодари за тоа што му се случило,

оној што ги осудува другите за тоа што му се случило, оној што покажува надворешно што му се случило и на кој слученото не му станува извор на молитва.

Таков е оној што не го зема крстот свој и не оди по Христос.

Но, има и еден антиномичен момент во Христовото излагање.

Прво вели: „кој од вас, сакајќи да соѕида кула, не ќе седне најнапред да направи сметка колку ќе чини и дали има сè што е потребно за нејзиното довршување“,

како и „кој цар, одејќи во војна против друг цар, не ќе седне да се посоветува најнапред, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади?“

За веднаш потоа да продолжи:

„така и секој од вас, кој не се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик“.

Сега, треба да се подготвиме добро и да се обезбедиме со сѐ потребно или да се откажеме од сѐ?

Изгледа ако не се откажеме од сѐ што имаме, а се имаме само себеси, ништо од нашиот однос со Оној Кој се откажа од сѐ што имаше и од Самиот Себе, односно и од самиот Свој живот за нас и наше спасение.

Само слободни од сѐ можеме во потполност да Го примиме Оној Кој ни се дава целиот Себеси.

Само така остануваме сол што никогаш нема да облутави, сила што го чува овој свет од распаѓање и смрт.“

http://www.mpc.org.mk/pouka.asp…