21. И свети Јован Златоуст учи за молитвата внатре во срцето, со зборовите

„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!”

И великиот свети Јован Златоуст говори:

„Ве молам, браќа, никогаш не нарушувајте го и не презирајте го правилото на оваа молитва.”

А малку понатаму додава и вели:

„Монахот е должен, jаде
ли, пие ли, седи ли, служи ли, оди ли по пат или ако прави нешто друго, непрестајно да изговара:

,Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!’ така што името на Господа Исуса Хриса, навлегувајќи во длабините на срцето, ќе ја смири змијата, која ги држи тамошните
патишта, ќе ја спаси и ќе jа оживотвори својата душа.

Затоа, бидете непрестајно со името на Господа Исуса Христа; срцето ваше да Го прибере во себе Господа, а и Господ – вашето срце, па така и Он и вие ќе бидете заедно.”

И пак понатаму говори вака:

„Не одделувајте го своето срце од Бога, туку останувајте со Него и пазете го своето срце секогаш, спомнувајќи го во него името на Господа Исуса Христа, сѐ додека тоа не се вкорени внатре во вашето срце.

И тогаш, тоа нема да помислува за ништо друго, освен за тоа – да Го прославува името Христово во себеси.”

22. Сведоштвото за ова на свети Јован Лествичник и свети Исихиј

И свети Јован Лествичник говори:

„Спомнувањето на Исуса да биде соединето со твоето дишење; и тогаш ќе jа познаеш ползата од безмолвието” (Сл. 27, 61).

Исто така, и свети Исихиј вели:

„Ако вистински сакаш да ги покриеш со срам твоите помисли, спокојно да безмолствуваш и без труд да го натераш твоето срце да биде трезно, тогаш труди се кон твоето дишење да се прилепи Исусовата молитва, – и само во тек на неколку дена ќе го видиш резултатот” (гл. 182).

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том 5, Иноците Калист и Игнатиј Ксантопул: Поука на оние кои безмолствуваат

 

Претходна статија„Вниманието што jа бара молитвата, – ќе jа најде молитвата!“ – Добротољубие
Следна статијаИдоли, идоли, идоли… (27. Недела) Митрополит Наум