ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ
7/- 25 ДЕКЕМВРИ
Евангелистот вака го опишува уделот на пастирите во Божиќните случувања (Лк 2,8 – 20):
А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо.
И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу.
Ангелот пак им рече:
„Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ. И ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли!” И одеднаш со ангелот се најде множество небесно воинство, кое Го фалеше Бога, велејќи:
”Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!”
А кога ангелите си отидоа од нив во небото, пастирите си зборуваа еден на друг:
„Тогаш, да отидеме до Витлеем и да видиме што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!”
И брзајќи дојдоа и ги најдоа: Марија и Јосифа, и Детенцето како лежи во јаслите. А штом видоа, кажаа сè што им беше речено за Детенцето.
И сите кои чуја, се восхитуваа на она, што пастирите им го рекоа. Марија ги помнеше сите овие зборови и размислуваше за нив во своето срце.
И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога, за сè што чуја и видоа, онака како што им беше речено.
Спомен на пастирите нема ниту во тропар ниту во кондак, но спомнати се во кондакот на Рождеството.
Ликовната претстава на пастирите е најчесто во моментите кога ангелите им ја јавуваат веста и нивните погледи се вперени во пештерата осветлена од ѕвездата.
Зад нив е пасиштето и стадото.
Во рацете имаат вообичаени пастирки стапови, а некој и гранка или парче стебло (бадниково) кое што го носат за да се згрее новороденчето.
Поклонување на светите мудреци
По промисла Божја за Христовото раѓање, обавестени се учените но одалечени луѓе, кои што во Евангелието и во богослужбениот текст се нарекуваат магови, мудреци и царови.
Нивното поклонување на новородениот Спасител било во времето помеѓу самото раѓање и четириесетиот ден, но споменот на случувањата Црквата го празнува на истиот ден кога и Раѓањето.
Според Светите отци, ѕвездата која што мудреците ја следеле се појавила на денот на Благовеста и на мудреците им биле потребни неколку месеци да ја сфатат нејзината појава и да се присетат на пророштвото на Валам, синот Веоров.
„Го гледам, ама не сега; го гледам, ама не од блиску; ќе излезе ѕвезда од Јакова и че се крене палката од Израиља, која ќе ги разбие кнезовите Моавски и ќе ги разори сите синови Ситови“ (Бр 24, 17)
и на претскажувањето на Еритрејската сибила дека во Израел ќе се роди Господ и Царот на вселената.
Патот траел шест-седум месеци и во Ерусалим стигнале набрзо по Раѓањето.
Тогаш ѕвездата се сокрила, па биле принудени во Ерусалим да се распрашаат за новородениот цар; така веста стигнала до Ирод.
Ирод во Ерусалим ги задржал некое време, додека книжниците и првосвештениците укажале на Витлеем како место на раѓање на Месијата.
Тргнувајќи од Ерусалим за Витлеем, ѕвездата повторно се појавила и ги одвела до пештерата, каде што на Христос му се поклонија и му врачија дарови.
Евангелистот вака го опишува учеството на мудреците во космичкиот настан на Христовото раѓање (Мт 2, 1-12):
А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим, и рекоа:
„Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме.”
Кога го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него. И ги собра сите главни свештеници и народните книжници и ги распрашуваше каде треба да се роди Христос. А тие му рекоа:
„Во Витлеем Јудејски, зашто пророкот напиша така: ’И ти, Витлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу Јудините првенци, зашто од тебе ќе излезе Владетел, Кој ќе го пасе Мојот народ Израел.“
Тогаш Ирод ги повика тајно мудреците и внимателно го научи од нив времето, кога се појавила ѕвездата, и испраќајќи ги во Витлеем им рече:
„Отидете и распрашајте се точно за Детето, и кога ќе Го најдете, јавете ми, за да дојдам и јас да Му се поклонам.”
Тие, откако го ислушаа царот, тргнаа, и ете, ѕвездата, што ја видоа на исток, одеше пред нив додека не дојде и не застана над местото каде беше Детето.
И кога ја видоа ѕвездата, се зарадуваа со многу голема радост. И кога влегоа во куќата, го видоа Детето со Неговата мајка Марија, и паднаа ничкум и Му се поклонија; ги отворија своите сокровишта и Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна.
И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат при Ирода, заминаа по друг пат за својата земја.
Дарувањето на Новородениот Спасител, псамопеецот одамна го најавил:
Царевите на Тарсис и островјаните дарови ќе му принесуваат; и царевите на Арабија ид Саба, дарови ќе Му донесуваат“ (Пс. 71,10).
18.. Српскиот превод на Евангелскиот тескт, дародавците ги претставува како мудреци, а словенскиот како магови (волхв, волсви).
Евангелието не ги споменува нивните имиња ниту нивната татковина.
Традицијата пак говори дека тоа биле Мелихор, Гашпар и Валтазар, сите тројца од различни страни: Персија, Арабија и Етиопија.
Биле од незнабожечката црква која на свој начин сепак, Го очекувала и Го проповедала Христовото доаѓање и чии членови го примија Светото Крштение од Христовите ученици со што постанале членови на Христовата, новозаветна црква.
По традиција ги крштевал Апостол Тома, а тие не останале анонимни кај својот народ, напротив, се разбрало за нивниот пат во Ерусалим и Витлеем.
Нивните мошти подоцна се пренесени во Константинополис (Цариград), па во Медиолан (Милано) и на крајот во Колонија (Келн).
Богослужбените текстови им посветиле доста простор на мудреците.
Говорејќи дека “волсви от восток в Витлејем дари приносит”,117 поетот ја објаснува символиката на даровите:
“злато, јако царју вјеков; ливан, јако Богу всјех; јако тридневному же мертвецу, смирну безсмертному”.
118
Во тропарот на Рожеството се констатира парадоксот: мудреците кои што на ѕвездите им служеле од ѕвездите и учеле.
Даровите кои што мудреците му ги врачија на витлеемскиот Богомладенец, Мајката Божја ги сочувала, а покасно ги чувале и апостолите и епископите на Ерусалим.
Царот Аркадија (395- 408) ги пренел во Цариград, а кога турците го превзедоа Цариград (1453) станале во сопственост на султанијата Царицата Маре, ќерка на деспотот Ѓурѓа која 1470. година ги предаде на монасите на Светогорскиот манастир Свети Павле каде што и денес се чуваат со огромна почит.
Споменот на Пренесувањето на даровите , Црквата го ставила во календарот на вториот ден од Христовото раѓање (25 декември).
Споменот на мудреците нема посебен тропар и кондак, но се споменува во тропарот Рождество.
Во иконографијата на трите мудреци тие се сликаат во царска ориентална облека со долги стапови во рацете вообичаени за тогашните патници , како на коњи патуваат со ковчежината со дарови, или во пештерата за време на поклонението и дарувањето.
Мелихор, стар и белоокос му го врачува златото на Царот и Господарот;
Гашпарм руменолик, млад и голобрад, му го врачува темјанот на Бога и Валтазар, црномурест со густа брада, кој што ја врачува смирната на смртниот Син Човечки.
Свети праведен Јосиф Свршеникот
Другиот ден од Раѓањето Христово, црквата го ставила споменот на праведниот Свети Јосиф, свршеникот на Светата Дева Марија, за кој што евангелистот кажува дека беше „маж праведен“ (Мт. 1,19).
Со својата праведност и светост ги надминал и старозаветните праотци и патријарсите, затоа и како на осудесетгодишник му била доверена Пречистата Дева Марија.
Работејќи како дрводелец ја издржуваше Пресветата Богородица и малиот Исус.
Се упокои во длабока старост, по традиција во стои десетата година, што значи, некаде во времето на Христовото полнолетставо и пред почетокот на Неговата јавна работа.
———–
2 Стравот на Ерусалимците почивал на познавањето на карактерот на Ирод кој што од страв за престолот ќе убива се по ред по Ерусалим. Секој национално – месијански покрет крваво ќе го загуши.
3 Пророштвото Михеја (5,2) членовите на Синедрионот го цитираат доста слободно, зашто не го наведуваат ниту по Еврески, ниту по грчки текст.
4 Ѕвездата била видлива затоа што патувале ноќе.
5 Не мора да значи вистинска куќа . може да биде и пештера, кошара, или било какво скривалиште.
6 На Оријентот пред царот не смеело да се излезе без дарови. Златото, миризливиот темјан и смирната, биле најскапите дарови, царски дарови.
7 Враќајки се по другиот пат во своите куќи, мудреците не го осуетиле туку само до некаде го одложиле планот на Ирод. Од друга страна, мудреците избегнале макар и нескајќи да бидат учесници во Иродовиот кртвав план.
————————————–
Бекство на светото семејство во Египет
Кога се навршија деновите на исчистувањето на родилката, Јосиф и Марија го одведоа младенецот во ерусалимскиот храм за да го посветат на Бога, па се вратија во Назарет (три дена пешачење).
Во Назарет, ангелот им јавува за престојната опасност и го упатува светото семејство во Египет со што е осуетен Иродовиот план за масакрот на децата за да го убие и Христа, сметајќи Го за претендент на Еврејскиот престол. Во Египет, кој што беше римска провинција беше вон дофатот на крволочниот цар.
Евангелистот, заминувањето на светото семејство и враќањето од таму, вака го опишува: (Мт. 2,13-15. 19-23):
А кога си отидоа тие, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон и му рече:
„Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.”
И тој стана, Го зеде Детето и Неговата мајка, ноќе, и отиде во Египет; А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон, во Египет, и му рече:
„Стани, земи Го Детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето.”
И тој стана, го зеде Детето и Неговата мајка, и дојде во земјата Израелева. Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; туку предупреден од Бога во сон отиде во пределите Галилејски; и откако дојде се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците дека ќе се нарече Назареец и таму беше до Иродовата смрт; за да се исполни реченото од Господа преку пророкот кој вели: „Од Египет Го повикав Својот Син.”
По традиција со светото семејство тргнал и Јаков синот Јосифов од првиот брак. Во бекството за Египет, Црквата гледа порака дека треба да се бега од гневот, јароста човечка, а не со гордост ним да им се спротивставува.
Од друга страна, требало Египет да се очисти од идолите согласно на најавата на пророкот:
„ Ќе ги искрши спомениците на капиштето на Сонцето што е во Хелиопол, а капиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.“
Во свештената историја , спасувањето на Египет зазема посебно место, зашто без Египет не можело да се подготви Тајната на Пресветата Жртва.
По традиција, светото семејство се сместило во селото Натареа кај Хелиополиса во северен Египет. Не е познато колку Марија и Јосиф останале во Египет па се вратиле во Назарет, зашто евангелистот кажува „до смрта Иродова“ (Мт. 2,15) проценките се движат од три до седум години.
Споменот на бегството на светото семејство во Египет, Црквата го ставила на вториот ден на Рожеството, на 26. декември.
Витлеемските младенци – први маченици
Богослужбените песни на празникот на Христовото раѓање, ги споменуваат најавуваат Неговите маки и страдања, а случувањата кои што го следеле го најавиле страдањето на Неговите блиски луѓе.
Јосиф мораше со Марија и малиот Исус да бега во Египет.
Многу деца во Витлеем се убиени, пострада Захарија, таткото на Јован Крстител, Јован порасна во пустињата.
Христос почнува да страда како доенче за да се учи на страдањето, за на Велики Петок лесно да ги поднесе најтешките страдања.
Животот човечки полн е со тегоби, па од младоста треба да се создава навика на јуначки подвизи.
Мудреците од Исток обавестени од Бога не му го јавија на Ирода местото каде што го пронашле новородениот Спасител.
Ирод, гневен на мудреците затоа што го изневерија и на новородениот Цар, зашто не можеше да го пронајде ги испрати војниците во Витлеем и во неговата околина за да ги убијат сите деца до двегодишна старост, со надеж дека меѓу убиените ќе биде и Спасителот.