Константин Каварнос
ПОСТОТ И НАУКАТА
Професорот Каварнос предавал на Харвардскиот Универзитет и во други водечки образовни институции. Напишал многу книги и научни статии. Оваа статија на д-р Каварнос за постот за првпат е објавена во 1986 година во правосланото списание Orthodox Typoѕ.
Bo оваа студија најнапред ќе се занимавам co постот како научен систем за одржување на телесното здравје и лечење на болестите на телото и душата.
Потоа ќе говорам за постот како пракса на Правоспавната Црква.
Ке го споредам co научниот пост во cмислa на нивните ocнови, цели, методи и последици.
Последниве години темата за постот гo привлече интересот на медицинската наука во многу делови на светот, особено во САД, Русија и Западна Европа. Во Америка, овој интерес се проширил и на обичните луѓе од cите занимања и општествени класи.
Затоа се печатеа книги и написи не само за научната туку и за пошироката јавност.
Уште повеќе, разговорите околу постот co лекари, физиотерапевти и др. се прикажувани на телевизијата и радиото.
Многубројните книги за постот како средство за подобрување на здравјето и исцелување од болестите се продаваат во стотици илјади примероци.
Како примеp можеме да ja наведеме книгата на Херберт Шелтон, „Постот може да го cnacи вашиот живот”, која за првпат е објавена во Чикаго 1964 и онаа на Ален Кот,
„Постот како начин на живеење”, кoja за првпат е печатена 1977 г. во Њујорк. Шелтон, кој умрел 1985 г. во 89 година од животот, поседувал coпствен институт вo државата Тексас co којшто управувал повеќе од 50 годнни.
Таму доаѓале на лечење луѓе од сите делови на светот. Кот е психијатар. Тој живее во Њујорк и работи како психијатар во една градска болница, а во приватна пракса.
Bo болницата тој го користи постот како терапија за оние што страдаат од психички болести. Неговата книга, „Постот како начин на живеење”, се бави co темата за постот и од перспектива на телесното здравје и од перспектива на психичкото здравје.
Ha крајот од книгата тој приложува библиографија којашто содржи повеќе од 200 современи автори и дела што се бават co таа тема. Кон тоа, исто така, тој ги додава и адресите и краток опис на институциите во коишто постот систематски се користи како начин на терапија, а за одржување на здравјето.
Кога Шелтон, Кот и другите научни терапевти зборуваат за постот, тие подразбираат целосно воздржување од храна, како и целосно воздржување од пиење, освен од вода.
Личноста којашто пости не јаде ништо и не пие ништо друго освен вода, сѐ додека не се врати на вообичаената исхрана.
Постот, главно, доведува до одржување и подобрување на животот и до долг живот.
Тој ја продолжува младоста, го ycпорувa продирањето на староста и придонесува за oбнобувањето на младоста; неговите благотворни влијанија не се ограничуваат само на телото туку, исто така, се простираат и на душатa.
На пример, постот ja зголемува бистрината и cилата на умот.