По молитвите на Апостолите Петар и Павле, Господ да не` помилува!
„ДВАЈЦА ПРОСТИ СИРОМАСИ, А КАКВО БОГАТСТВО!
Сенката на светиот апостол Петар исцелува од сите болести, една сенка.
Тогаш, кој го збогатил него – кој?
Крпчињата, убрусите на светиот апостол Павле исцелуваат од сите болести.
Кој е побогат од овој најбогат Христов ученик?
Со еден Христов збор тие ги воскреснуваат мртвите, исцелуваат од сите болести.
Што е тоа, од каде им е на луѓево тоа, какво богатство е ова?
Видете, што се овие двајца обични луѓе, од каде им е таа моќ?
Од каде му е моќта на исплашениот Петар, кој од слугинката се исплаши и од Христа три пати се одрече?

И овој Петар неплашливо оди по сиот овој свет, Го проповеда Господа Кој смртта ја победи и четириесет дена по Неговото воскресение помина со Своите Ученици во верата: дека навистина воскресна, дека навистина смртта е уништена, и им Го испрати Светиот Дух во педесеттиот ден; им ја испрати Небесната Сила, и тоа не една, туку сите Небесни Сили, и тие – исполнети со Светиот Дух Го пренесуваат Воскреснатиот Господ како нераспадливо богатство по сиот овој свет.
Ја бараш душата Павлова во Павле, и неа ја нема, Христој ја заменил, ја променил совеста, умот, срцето негово во него, ги нема, Господ Христос е во него.
Савле, Савле, зошто Ме гониш? – Кој си ти, Господе? – Исус.










