ЧЕСНИОТ ПОСТ – НЕДЕЛА ТРЕТА Евангелие за крстот и за спасението на душата

Μарко 8, 34-38; Зач. 37

Голема е силата на Вистината. И ништо во светот не може да ja надмине таа сила.

Голема е лековитата моќ на Вистината. И не постои никаква мака и немоќ во светот за која Вистината не е лек.

Bo своите маки и во својата немоќ болните бараат лекар кој ќе им даде соодветен лек.

Никој не бара лекар што ќе му даде вкусни лекови, туку секој бара лекар што знае сигурен лек, без оглед дали тој лек е сладок, горчлив или без вкус.

И колку погорчлив лек му пропишува лекарот на болниот, и колку потежок начин на лекување, толку поголема доверба болните имаат кон таков лекар.

Зошто луѓето само од рацете Божји не го поднесуваат горчливиот лек?

Зошто бараат и очекуваат само слатки нешта од рацете Божји?

Затоа што не ја чувствуваат тежината на својата болест од гревот, па мислат дека само co слаткости можат да се издекуваат.

Кога луѓето би се запрашале зошто лековите за телесните болести се горчливи, Духот Свети би им одговорил:

за да бидат слика и претстава на духовните лекови.

Како што се телесните болести слика и претстава на духовните болести, така и телесните лекови се слика и претстава на духовните лекови.

Зар болестите на духот, оние главните прапричинители на болестите, не се далеку потешки од болестите телесни?

Зошто тогаш да не бидат погорчливи духовните лекови од телесните лекови?

Луѓето се премногу грижат за своето тело;

па во случај на болест тие не жалат ни труд, ни време, ни богатство, само да му го вратат здравјето на телото.

Тогаш никаков лекар не е скап, ни една бања далеку, ни еден лек горчлив, особено ако им се најави скорешна смрт.

О, кога луѓето би биле толку грижливи за својата душа!

Кога толку ревносно би барале лек и лекар за својата душа!

Што значи да го земеш крстот свој?

Тоа значи доброволно да ja примиш од рацете на Провидението секоја лековита горчина која ти се дава.

Ако дојдат големи катастрофи, да бидеш послушен на волјата Божја како Ное.

Ако се бара жртва од тебе, дај ја co вера во Бога како Авраам кога сакаше да го жртвува својот син.

Ако ти пропаднe имотот, ако ненадејно децата ти умрат, ако те фати тешка болест, поднесувај сѐ co трпение, не оддалечувајќи го своето срце од Бога како Jов.

Ако те напуштат пријателите и те опкружат непријателите, поднесувај сѐ без негодување, co надеж за скорешна помош Божја, како што правеа апостолите.

Ако те одведат на губилиште поради Христа, биди му благодарен на Бога за таа чест, слично на илјади христијански маченици и маченички.

Од тебе не се бара да направиш нешто што никогаш никој пред тебе не го сторил, туку да го следиш примерот на другите што ja исполнија волјата на Христа.

Тоа се примерите на апостолите, светителите, исповедниците и мачениците.

Треба да се знае дека Господ, барајќи наше распнување на крстот, бара само распнување на стариот човек, човекот составен од лоши навики и од службата на гревот.

Оти co распнувањето умира стариот скотолик човек во нас и оживува новиот, бесмртниот човек co подобие Божје.

Така вели и светиот апостол Павле:

„…нашиот стар човек е распнат”, и веднаш објаснува зошто е распнат: „да не бидеме веќе робови на гревот” (Рим. 6, 6).

Крстот е тежок за стариот, телесен човек, но распнувањето не е тешко за духовен човек.

Апостол Павле вели: „Оние пак, кои се Христови, го распнаа телото свое co страстите свои и похотите” (Гал. 5, 24). „Словото за крстот е безумство за оние што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја” (1. Кор. 1,18).

Затоа ние се фалиме co крстот на Христа; и се фалиме co својот крст поради Христа.

Господ од нас не бара да го земеме неговиот крст, туку својот. Неговиот крст е најтежок.

Тој не беше распнат на крстот поради своите гревови, туку поради нашите; затоа неговиот крст е најтежок. Ние се распнуваме поради своите сопствени гревови, затоа нашиот крст е полесен.

И кога најмногу страдаме, не треба да велиме дека нашеτο страдање е прекумерно.

Господ е жив и ја знае мерата за нашите страдања и не дозволува да страдаме повеке отколку што можеме.

Мерата на нашето страдање е пресметана како и мерата помеѓу ноќта н денот или мерата за движењето на ѕвездите.

Ако се зголемува нашето страдање, ако отежнува нашиот крст, се зголемува и моќта Божја, како што вели и светиот апостол Павле:

„Оти, како што се умножуваат Христовите страдања во нас, така се умножува утехата наша преку Христа” (2. Кор. 1, 5).

Пренесено од книгата “Омилии”
Чесниот крст – недела трета