...Од сите патишта првиот и најпристапен за секого е светата молитва, која е делотворна co вера и од сѐ срце.
Преку неа најлесно се соединуваме co Бога, и без неа најмногу се оддалечуваме од Бога, како што вели еден свет отец:
Преку ништо друго повеќе не се прилепува човек кон Бога, отколку преку молитвата.
Која е најсилната молитва, која го соединува човеκοτ co Бога?
Постојат повеќе видови на молитва:
преку јазикот, умот и срцето.
Највозвишената молитва е молитвата од срцето, односно co учество на срцето преку понизност, смиреност и солзи.
Да не се потпираме многу на читаната молитва, односно на усната молитва, преку јазикот.
Таа е најслабата молитва, бидејќи не учествуваат умот и срцето.
Умствената молитва е повозвишена од усната молитва, бидејќи во неа учествуваат и мислите, односно вниманието на умот.
Оној што се моли co умствено внимание на сѐ што изрекува, таквиот се моли co умот, но и оваа молитва не е совршена.
Светите отци велат дека умствената молитва е молитва co една нога, односно половина молитва, бидејќи останува во главата, и во неа не учествува и срцето.
Ho кога во молитвата ќе се соедини умот co срцето, односно умствените мисли преку дар од Господа, слегуваат во срцето, тогаш се остварува зачетокот на духовната молитва, односно ja достигнуваме највозвишената молитва, наречена молитва на срцето.
Знаците, пак, кои покажуваат дека сме го достигнале ова возвишено дејство се:
силна топлина во пределот на срцето, постојан копнеж и ревност за Бога, неискажлива љубов кон луѓето и кон севкупното создание, неискажлива духовна радост, плач што донесува радост и длабочински извор на солзи, смирение и немање страв од смртта.
Кој е најдобар учител на молитвата?
Тоа е самата молитва, како што вели свети Макариј Велики:
“Jac знам дека не умееш да се молиш, но моли се како
што можеш и што почесто, и самата молитва ќе те научи да се молиш”.
Впрочем, да се молиме како што можеме и што почесто, па така Бог, гледајќи ја нашата ревност, ќе ни помогне да ја придобиеме вистинската молитва на срцето и дарот на солзи.
Зошто денес повеќе не можеме да се молиме подобно на нашите отци од дамнина и повеќе немаме трпение во светата молитва?
Еден свет отец вели дека како што водата го гасне огнот, така многугрижноста ја гасне молитвата.
Денес повеќе не можеме да се молиме, бидејќи Го заборавивме и Го забораваме Бога.
Заборавот, пак, е претеча на оддалечувањето од Бога.
Потоа, денес не се молиме повеќе co истата побожност како порано, бидејќи сите сме ослабнати во верата.
Оној што силно верува во Бога се плаши од Бога, Го љуби Бога и постојано My ce моли, бидејќи не може да живее без Бога, далеку од нашиот Отец небесен.
Мислам дека ослабувањето на верата во Бога е најголемата причина за ослабувањето на молитвата меѓу верниците.
Токму поради тоа секташите ги прелажуваат некои православни, бидејќи наместо долгите молитви, тие доаѓаат co песни и проповед, кои привлекуваат и ги маѓепсуваат најслабите во верата.
Ако сакаме Бог да нѐ помилува, да ни ги прости гревовите и да нѐ заштити од сите видови на искушенија и опасности, треба да се трудиме деноноќно во светата молитва.
Да го читаме, посебно ние монасите, Псалтирот, кој има голема моќ; да ги читаме седумте црковни часови од Часословот, акатистите, молбените канони или особено да ja изговараме Исусовата молитва;
а за празниците, налик на еленот на изворот, така и ние редовно да доаѓаме во црква, за да ja слушаме светата Литургија.
Иако ѓаволот војува против нас преку заборавноста, неверството, мрзливоста, сонот или co грижите на овој живот, ние да се молиме макар co устата, исполнувајќи го правилото кое ни го дал духовникот, онолку колку што можеме.
Co текот на времето Господ ќе ни помогне да преминеме од количествоτο во квалитет, од расеаната усна молитва во чистата молитва на умот и срцето (умносрдечната молитва).
И тогаш, вкусувајќи го од радост Светиот Дух, ќе видиме,
“колку е благ Господ”!
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа