СОНОТ НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА ШТО ГО СОНИ ВО ГРАДОТ ВИТЛЕЕМ
Пресвета Богородица сонуваше една ноќ во јудејскиот град Витлеем страшен сон. Кога се разбуди сета трепереше и се расплака.
Господ Иисус Христос и` пристапи, па Таа вака Му велеше:
– Мили мој Сине. Ноќва сонував страшен сон и сеуште треперам од страв и не можам да си дојдам на себе. Плачев и тажев.
Кога се разбудив се помолив на Господа Бога, Создателот на небесата и земјата, да ме утеши, затоа што срцето уште ми е вознемирено. Целата треперам и се тресам од страв.
Ми се сони како Ти стоиш во мноштво народ и држиш еден лист испишан со Божјите заповеди од Стариот завет, а над нив две заповеди крупно напишани:
„Возљуби Го Господа твојот Бог
со сето свое срце,
со сета своја душа
со сета своја сила и
со сиот свој разум“, и
„Возљуби го својот ближен како себе си“.
Одеднаш некои вооружени луѓе Те фатија, а оној народ се разбега. Пото Те изведоа пред суд… Главата и телот Ти беа облеани со крв.
Христос Спасителот на тоа и` рече:
– Пресвета и преблагословена Мајко Моја, ќе се оствари тоа што си го сонила, – Мене ќе Ми се случи сето тоа.
Ако некој го прибележи тој Твој Сон, па го носи секогаш со себе или го држи во куќата своја и ги научи оние заповеди што си ги видела на оној лист и почне да живее според нив и почне да Го сака Бог – Творецот на се` што постои, и ги возљуби ближните свои, па прави секакво добро дело – ќе биде спасен.
Нечистиот дух нема да му се вселува во душата, и доколку во смртниот час ги извршува сите заповеди, носејќи го чесниот крст со себе, ќе наредам, ангелите душата да му ја примат и да му ја населат во Царството Небесно“.
СОНОТ НА ПРЕСВЕТАТА, СЛАВНАТА И ПРЕБЛАЖЕНАТА БОГОМАЈКА ШТО ГО СОНИ НА ЕЛЕОНСКАТА ГОРА
Кога беше света Богородица на Елеонската Гора, додека спиеше, и` се доближи Господ наш Иисус Христос и тивко и` рече:
„Спиеш ли, мила Мајко Моја, или си будна?“
Таа се сепна, силно вознемирена, па Му реча на Иисуса:
„Премили Сине мој! Еве, само што сум задремала, сонив страшен сон:
Како, мило мое Дете, Тебе Те распнаа во јудејскиот град Ерусалим помеѓу двајца разбојници, за време на Понтиј Пилат.
Лицето и телото Ти беа во рани и со крв облеани, а на главата Ти ставија венец од трње.
– Гледам, а Тебе жолчка Ти даваат да пиеш; со копје Ти ги прободија ребрата, а од раните потече крв и вод.
Малку потоа сонцето се помрачи, земјата почна да се тресе, камењата се распаѓаа, завесата во храмот се расепи од горе до долу.
На земјата настана темнина од шестиот до деветтиот час…
Тогаш дојдоа Јосиф од Ариматеја и Никодим, Твоите тајни ученици, Те симнаа од крстот, Те обвија со чиста плаштаница и в гроб Те положија.
Три дена лежеше во гробот, а кога осамна третиот ден Ти стана од мртвите, слезе во адот и, разурнувајќи ја пеколната врата ги изведе од таму Адама и Ева.
Потоа надгробната плоча се подигна и Ти – Воскресна.
И се разгласи по целиот свет Твоето воскресение. По Твоето воскресение ситенароди доаѓаа кај Тебе, за да Ти се поклонат и да Те слават.
А, Ти седиш на царски престол и сите ги даруваш со некој необичен леб и вино.
Тој леб го држиш во рацете како Свое Тело и, кршејќи го, Го раздаваш на светот.
Од Твоето тело тече крв во чаша и сите ги напојува, и штом некој се причести со Твојата Крв и Твоето Тело, лицето му се преобразува и станува светло како ангел, кој во златни облеки доаѓа и го одведува во царството небеско.
А, Ти си се вознел на небесата и седиш од десната страна на Бога Оца“.
На тоа Христос и` рече:
„Пресвета Мајко Моја! Се` што си сонила ќе се изврши со Мене.
Навистина, навистина Ти велам:
– Кој ќе поверува дека Јас сум Спасителот на светот и на сите народи; дека Телото Мое е храна,
а Крвта Моја вистински напиток;
ако верува дека без тие две не може да добие спасение, тој навистина ќе биде спасен!
Значи, ако верува дека при причестувањето со светиот Леб и светото Вино го прима Моето Тело и Мојата Крв, па ако се очисти себе си од секаква нечистотија на телото и духот, навистина ќе наследи Царство Небеско.
Лицето ќе му биде светло, а облеката сјајна како на ангел во вечното царство.
На земјата несреќа никогаш не ќе има место во домот негов, а душата ќе му живее во мир.
Ангелот чувар ќе го чува од ненадејна смрт, од зли луѓе и од разбојници.
Кога оди на суд, ако мисли на Бога и се моли Бог да го спаси, ако е неправедно осуден ќе биде спасен.
Ако, пак, е виновен па се покае ќе биде помилуванм а неговиот престап е простен.
И секој, кој наутро и навечер скромно, искрено и топло го замоли Бога Отецот за простување на гревовите, верувајќи дека Крвта Моја го мие човекот од гревот – навистина ќе биде мирен навек и сочуван од секоја беда и неволја.
Амин.
МОЛИТВИ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (во тага)
МОЛИТВИ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (во тага)
Кон кого да повикам, Богородице во својата мака, ако не кон Тебе, Царице Небеска?
Кој ќе го чуе мојот плач, кој ќе ги прими моите воздишки, ако не Ти, Пречиста, надеж на христијаните и засолниште на нас грешните?
Кој ќе ме заштити повеќе од Тебе во моите неволји?
Услиши го плачењето мое и приклони го Твоето уво, Владичице, Мајко на мојот Бог.
Не презирај ги оние кои од Тебе бараат помош и не отфрлај ме мене грениот, туку вразуми ме и научи ме, Царице небеска.
Немој да отстапиш од мене, Твојот слуга, Владичице, за моето молење биди мајјка и застапница.
Еве, се предавам себе си на милостивата Твоја заштита. Плачам за своите гревови.
О, кога би сакал да се погрижиш за мене и да ме приведеш, мене грешниот, кон тивок и безметежен живот!
Кон кого ќе прибегнам, ако не кон Тебе, надеж и прибежиште на грешниците, кои се надеваат на неискажливото милосрдие и добрината Твоја?
Што да речам јас недостојниот за пофалба на Твоето величие и слава?
О, Владичице, Царице небеска, Ти си Мајка моја и надеж моја.
Ти си утеха и засолниште, покров, заштита и помош моја!
Преблага Царице и брза застапнице, покриј ги со своето завземање моите престапи; заштити ме од видливите и невидливи непријатели и смекни го срцето на злите луѓе кои стануваат против мене.
О, Богородице, помогни ми менебеспомошниот, кој поради телесните страсти со срцето боледувам.
Само Твоето застапништво го имам пред Твојот Син и Господ Бог мој. Со Твоето големо застапништво, со Твоите сесилни молитви, дај, Пречиста, Непорочна и Преславна Марие, Мајко Божја, да бидам оправдан и избавен од секаква беда и напаст.
Радувај се Благодатна, радувај се зарадувана, радуј се Преблагословена, Господ е со Тебе!