РПЦ ЈА ПРИЗНА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ – ОА (25.08.2022 20:12)

На 25 август 2022 година,
во текот на заседанието на Свештениот синод на Руската православна црква беше ислушано соопштението од Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето, од страна на Српската православна црква, на автокефалија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (Журнал бр. 62).

Синодот утврди да се заблагодари на Господа Бога
за оствареното врз канонските начела разрешување на прашањето на статусот на Православната црква во Северна Македонија и да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија

како автокефална Црква-сестра,

впишувајќи го името на нејзиниот Претстојател, Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан во свештените диптиси.

Членовите на Синодот изразија надеж дека најмладата во семејството автокефални православни цркви, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, цврсто ќе ги пази во чистота и непорочност светата православна вера и ќе ја пази верноста на православната канонска традиција.

Учесниците на заседанието исто така решија да се извести за донесеното решение на Свештениот синод Светејшиот Патријарх Српски Порфириј и Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан,

Извор:

ИЗВОРРуска Православна црква
Претходна статијаВО СЛАВА НА СВЕТИ НИКОЛА – АЈДЕ, ПАК, СО ВАША ПОМОШ, ДА ГО ДОВРШИМЕ…
Следна статијаДедо Наум-Успение на Пресвета Богородица – Потврда и на нашето воскресение!