Типови икони на Пресвета Богородица

Како што основа за сите икони на Христос беше неракотворениот образ на ризата, така за иконата на Богородица e земен ликот на иконата што ја направил
Светиот апостол и евангелист Лука.

Kora ќе се споредат сите икони на Богородица, почнувајќи од Шпанија преку Италија и Балканскиот Полуостров па сѐ до Русија, забележуваме дека на сите икони во основата лежи еден ист лик на Богородица.

Таа на главата носи сириска капа, облечена e во долга одежда, наметната co црвена наметка декорирана co три ѕвезди на челото и градите, според текст од Светото Писмо.

Bo рацете Богородица го држи Младенецот Христос Кој нема ништо детско во Себе, туку само no димензиите e младенец, a има мудар Божествен израз врз детското лице кое е способно да ги направи сите Божествени дела и да ги изговори сите Божествени зборови.

Лево и десно од ореолот на Богородица се пишуваат зборовите односно иницијалите МР OY, кратенка од грчките зборови МНТНР ОEOY, што значи Мајка Божја.

 

Има повеќе типови на Богородични икони, a особено има многу чудотворни икони. На пример, само во еден руски црковен календар се наведени 156-чудотвории икони на Пресвета Богородица.

 

Поширока од небесата

Оваа икона на Богородица го претставува вотеловувањето на вселенската Црква.

Bo нејзината основа e типот Оранта, при што Пресвета Богородица стои анфас co раширени раце во молитвен став, a од левата и десната страна има по еден ангел.

Овој тип на икона најчесто се слика во олтарните апсиди на ѕидот.

Варијанта на типот Поширока од Небесата e иконата ЗНАМЕНИЕ HA MAJKA БОЖЈА,

на којашто Богородица e прикажана како Ширшаја, co малку молитвено издигнати раце, co Младенецот на градите, во ореол, а според текст на Пророкот Исаија:

“Затоа Господ ќе ви даде знак, ете девојка ќе зачне и ќе роди син и ќе го наречат ‘Емануил’ (Иса. 7,14)”.

Одигитрија

Еден доста распространет тип на икона на Богородица, што се става на иконостаси e Богородица ОДИГИТРИЈА ПАТЕВОДИТЕЛКА, Војвотка на Црквата и христијанството.

На оваа икона Богородица e прикажана во фронтална поза co крената глава, co достоинствен и сериозен изглед.

Младенецот го држи во левата рака, a co десната покажува на Heгo. Младенецот Христос e исто така во фронтална поза, co десната рака благословува, a во левата држи свиток.

 

Млекопитателница

Ha оваа икона Богородица Го дои Младенецот Христос. Оваа тема e особено омилена во Западната црква.

Младенецот на оваа икона лежи во прегратката на Богородица, a левата рака My e врз дојката на Пресвета Богородица.

Главата на Богородица e малку наведната кон Младенецот, a co левата рака ja придржува градата.

 

ЕЛЕУСА – МИЛОСТИВА

e тип на икона што ја прикажува Богородица во Нејзината мајчинска нежност.

Додека Одигитрија ја претставува како оличение на строгоста на христијанската догма, иконата на Елеуса го изразува она што го бараат луѓето и од небесната и од земната мајка, a тоа e мајчинска нежност и милосрдие.

Младенецот Христос на оваа икона e прикажан повеќе во профилна поза, co едната рака се држи за наметката на Богородица, a co главата е потпрен врз Нејзиниот образ.

Богородица Елеуса има секогаш наведната глава кон Христос, a на лицето изразено претчувство за страдањата на Божествениот Младенец, додека Тој, Младенецот, co Својот нежен израз и став и дава утеха на Пресветата Мајка.

Троерачица

За таа икона постои предание дека му припаѓала на Свети Јован Дамаскин, околу 750 г., и дека на неа му се исцелила дланката, којашто му била отсечена заради одбраната на иконите во периодот на иконоборството.

Во знак на благодарност за чудотворното исцеление. Дамаскин порачал да се излие дланка од сребро, и како трета рака, ја додал на иконата.

Така иконата го добила називот Троерачица. Од Дамаск иконата била пренесена во Ерусалим, a потоа во Скопје, каде што главната соборна црква во градот и’ била посветена на оваа икона.

Денес e во манастирот Хиландар на Света Гора.

 

Богородица на престол

Ha оваа икона Богородица достоинствено седи, исполнета co возвишен мир, има естетичност на богато украсениот трон, држејќи Го во крилото седнатиот Младенец, Кој co едната рака благословува, а во другата држи свиток.

Честопати од страните се црта пo еден ангел или светител, во исправена или молитвена положба.

Пратип на оваа икона e чудотворната икона КИПАРСКА БОГОРОДИЦА, којашто e особено популарна no Вселенскиот Собор во Ефес 431 r., a ja прикажува Марија како Богородица и НЕБЕСКА ЦАРИЦА. Често се слика за иконостас, паралелно co иконата на Христос Седржителот

 

Одигитрија – Елеуса

Ова е заеднички тип на икона на Богородица, мошне распространета, и на неа Богородица e прикажана во фронтална поза, но co главата наведната кон Христос, при што строгиот тип на Одигитрија е ублажен.

Познати типови на ваква икона се ДОНСКАТА Мајка Божја

и ЕРУСАЛИМСКАТА Мајка Божја.

Умиление 

Друга варијанта на иконата Елеyса  e иконата БОГОРОДИЦА УМИЛЕНИЕ, на којашто Богородица во левата или во десната рака Го држи разиграниот Младенец, Којшто co едната рака ja npeгрнал околу, вратот, a co другата се држи за наметката на Богородица, во немирно движење на телото.

Владимирска Богородица

Bo овој тип икони спаѓа Владимирската Мајка Божја, за којашто се тврди дека e насликана од Св. апостол Лука.

Bo 450 г. за време на царот Теодосиј, иконата е пренесена од Ерусалим во Цариград, од каде што патријархот Лука Хрисоверг му ja подарил на кнезот Јуриј Долгораков.

Иконата најпрво била сместена во еден женски манастир близу Киев, каде што станала чудотворна и се прославила. Андреј Богољубов ја пренел во Владимир.

Bo 1395 г., кога Тамерлан тргнува на Москва, оваа икона e пренесена во Кремљ и co својата чудотворна моќ го спасила градот и цела Русија од пропаст.
Bo 1812 г. пред наездата на Французите иконата преку Владимир e пренесена во Мурон. По падот на Наполеон, вратена е во Москва, во Успенскиот Собор, храм во којшто биле крунисувани руските цареви.
Денес Владимирската икона на Мајката Божја се наоѓа во Третјаковската Галерија.
Пренесено од списанието

“Премин” бр 15-16, ноември 2003.

Подготви М. Д.

Претходна статијаДенешните Христијани не се за борба
Следна статијаВознесение на Господ наш Исус Христос