Дрога

Bo бездушниот свет, кој проповеда материјализам и конформизам, младите се тие кои во својата потрага по поинаков свет одат до крајот.

Еден од начините да се избега од бездушниот, суров и досаден свет, покрај сексот, е дрогата.

И без разлика дали се работи за млади од улиците на предградијата, кои преку бунтот се обидуваат да го издигнат својот дух над смрдливиот свет на насилствата, сиромаштијата и, како што изгледа, над потполно безнадежната иднина, или за младите панкери кои преку панкот се обидуваат да побегнат од индустријализираното лудило на модерниот свет, или пак за универзитетските студенти,припадници на средната класа, кои сакаат да побегнат од јаловиот свет на интелектуализмот, дрогата на денешната младина ѝ стои на дофат како средство преку кое „лесно” се отвораат вратите на другиот свет, светот на фантазии, илузорно исполнети желби и празни мисли.

 

Bo синџирот на наркоманијата има три алки:

фасцинираност, измама, смрт.

Уште од времето кога Тимоти Лири на Харвард почна да експериментира co употребата на LSD и да го проповеда слоганот на новата контракултуpa:

„Стимулирај се, вклучи се, откачи се”, маса млади луѓе се обидува преку употреба на дрога не само да побегне од оковите на поробувачкото општество, туку и да се „вклучи” во „духовната” стварност.

Лири ја проповедаше идејата дека преку употребата на LSD умот се ослободува од утврдениот начин на размислување и влегува во нов начин на мислење, кој произведува поперцептивна свест.

Тој тврдеше дека корисникот на LSD во тој процес го „трансцендира” своето поранешно „јас”, кое било обликувано од страна на корумпираното општество, и дека на тој начин ја формира својата нова „развиена” личност.

 

Првиот чекор пo патот на користењето на психоделичните дроги е фасцинираноста. Пред очите на оној кој експериментира co дрогата светот на испразнетоста одеднаш се појавува во потполно „нова” светлина.

Во оваа фаза корисникот на дрогата заборава на расипаноста на овој свет и започнува да чувствува задоволство поради тоа што доживува нешто ново во животот.

‘Измамата’ веќе започнува
да дејствува кога корисникот на дрогата почнува да верува дека таа е клучот за промената на сопственото „jac”.

Од оваа точка започнува надолната спирала на пад во зависност, преку која корисникот на дрога паѓа во психички депресивна состојба, станувајќи на крајот целосен зависник или наркоман.

Паѓајќи во таа бездна, корисникот станува роб на наркоманската навика и потполната телесна зависност од дрога. Дрогата почнува да го тероризира сѐ дури од неговото тело не исчезне и последната трошка живот, односно сѐ дури не го проголта смртта.

Ha крајот сите тие миговни блесоци на „повисока свест”, по која трагаа Лири и генерацијата на контракултурата на шеесеттите, се покажаа како обична нереална фантазија.

Она што започна како потрага по вистината, на крајот се покажа како масовна измама.

Паролата на контракултурата „Власта на луѓето!” на крајот се покажа како празен слоган, бидејќи љубовта на демонстрантите се олади и повеќето „револуционери на контракултурата” се вратија во светот на материјализмот.

Идеалот на бунтовничката генерација, идеалот за трагањето по вистината, на крајот заврши во трка за уживање и самоугодување од секаков вид.

И кога сѐ заврши, излезе дека ова движење беше само едно во низата модни движења што ги донесуваат и однесуваат променливите ветришта на „духот на времето”.

Овој неуспешен обид на човекот да ги реализира своите најдлабоки душевни желби преку употребата на дрогата ни ја открива вистинската состојба во која се наоѓа душата на современиот човек:

1) човекот е незадоволен од состојбата во која се наоѓа светот,

2) човекот е незадоволен од празнината која ја чувствува во себе,

3) човекот нема co што да го издигне својот дух над ова незадоволство.

Друго средсгво за бегство од ова незадоволство од светот, на кое не се обрнува сериозно внимание во овој свет на уживање, е алкохолизмот.

Во современата култура, култура на трката по задоволства, алкохолните пијалаци станаа средство за затапување на масите и за самоуништување на несреќниците.

Покрај телевизијата, алкохолот е најчестото средство кон кое прибегнуваат луѓето за да одбегнат соочување co вистината.

Текстот што следува е тажен приказ на она што може да им се случи на многу млади луѓе, припадници на нихилистичкото поколение, доколку не им се открие Вистината:

“Познавав двајца браќа co кои играв фудбал кога бев дете.

Живеевме во малечок и сиромашен град. За да заработат малку пари, многу луѓе работеа co растурање дрога. Некои тоа го правеа покрај работата, а на други тоа им беше единствен извор на приходи. Повеќето дилери носеа револвери, а некои дури и автомати.

Родителите на овие браќа растураа дрога позната како „крек”. Крекот (метамфетамин) е дрога од евтино производство. Многу е популарна кај младите затоа што е евтина, но брзо создава зависност.

Еден ден двајцата браќа, силно дрогирани co „крекот” и LSD, заминале на езерото да се рекреираат. Таму сретнале некој ренџер кого го замолиле да ги повози co колата наоколу и да им ја покаже околината.

Во еден момент, постариот брат го извадил лулето и почнал да пука. Ренџерот му кажал да не пуши во колата.

Co навредена гордост, тој веднаш се разлутил, a потоа потполно побеснел. Само миг подоцна ренџерот лежел мртов, co пресечен врат.

Подоцна постариот брат, фалејќи се co својата непромисленост, му раскажал некому за своето злосторство, а таа личност потоа невнимателно го раскажала случајот меѓу своите познаници во супермаркет.

Полицијата дошла во куќата на убиецот и таму го нашла уште повеќе издрогиран co психоделични печурки. Полицијата лесно го изнудила признанието и тој самиот го признал секој детаљ од злосторството.

Судбината на помладиот брат била уште пострашна.

Откако постариот брат бил однесен во затвор, тој во својата куќа зел преголема доза „крек”.

Три дена и ноќи не можел да спие поради дејството на дрогата. Третата ноќ нервозно шетал околу куќата чекајќи да се раздени.

Одеднаш, без никаков повод, во настап на бес, влетал во куќата, ја грабнал пушката на неговиот татко, влегол во спалната соба на своите родители, ги уби л татка си и мајка си, а потоа втрчал во собата каде што спиела неговата шестмесечна сестричка и ја уби  л и неа.

Најпосле ја ставил цевката од пушката во устата и го повлекол чкрапалото.”

Bo овој ужасен случај на бесмислено насилство, убиство и самоубиство, шокираат три нешта. Прво, случајот

завршува co тоа што еден млад човек ги убива својот татко и својата мајка, оние кои му го дале животот и го родиле на овој свет

. Второ, тој потоа ја убива и својата сестричка, недолжно детенце. И конечно, тој си го одзема животот.

Ова не е само еден осамен случај на убиство и самоубиство, туку сѐ почеста и помасовна појава, коja сведочи за тоа дека очајната младина поведува ‘војна прошив самиот живот’.

Каков е тој оган кој ја запалил душата на тој млад човек? Која сила го натерала да го повлече чкрапалото?

Сосема е јасно дека корисникот на дрога, без оглед дали се работи за оној што само експериментира co неа или пак за вистински наркоман, под влијание на дрогата влегува во еден свет во кој дејствуваат скриени фактори, чиешто дејство не може да се предвиди пред земањето на дрогата, ниту да се разберат во текот на самото нејзино дејство.

Илузијата што ја дава дрогата е она што најмногу ги привлекува младите.

Ha оној што се дрогира во почетокот му се чини дека е исполнет co ново знаење и дека му е ветен нов свет. Но, всушност, во што понатаму се претвора ова знаење?

Одговорот е едноставен: во ништожност. Трагањето преку дрогата е само пуст сон во кој човекот трча пo сеништа. На крајот од сонот се покажува дека сѐ било само привид кој го остава трагачот во состојба на потполна опустошеност.

Ќе продолжи во следниот пост…
Пренесено од книгата “Последниот вистински бунт” од монах Андреј и монах Јован

 

 

Претходна статијаЧетврта недела по Педесетница (Свето евангелие според светиот апостол Матеј)
Следна статијаАлкохолизмот, добива размери на општествена епидемија…