Овој пост е востановен во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа. Телесниот пост се исполнува вака:
во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино;
во четврток и вторник се дозволува масло и вино,
а во сабота и недела масло, вино и риба.
Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло, вино и риба.
Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино.
Ако е голем празник во среда и петок се допушта, покрај масло, и риба.
Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло, вино и риба.
……………..
Свети Григориј Палама за севкупниот пост
Павле, повторно, вели: пред Бога не се праведни оние, што го слушаат законот, туку ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат законот (Рим 2, 13). Господ, пак, на двајцата им вели: Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате (Јован 13, 17).
Браќа, да дојдеме со посредство на прекрасни дела до даровите на постот и добрите дарови на воздржанието; со добрите дела да ја потврдиме својата добра волја кон нив (постот и воздржанието).
На дело да покажеме какви плодови донесуваат тие, бидејќи дрвото по плодот се познава.
Меѓутоа, земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот. Разбери што зборувам (2. Тим. 2, 6-7), вели апостолот.
Така секоја добродетел ги чисти и украсува или душата, или телото, поточно кажано – само некој дел од душата или телото.
Да речеме, молитвата и знаењето го украсуваат и чистат умот, кроткоста го зауздува гневот, целомудреноста (чистотата) ја гаси лакомоста.
Постот и воздржувањето го смируваат бунтот на телото, лудоста на гневот и ја смируваат страсната желба, создавајќи во умот чисто и ведро небо без ниту едено облаче и ја чистат душата од испарувањата кои се јавуваат како резултат на прејадувањето и затемнувањето кое оттаму доаѓа.
Благодарејќи на постот и воздржанието, надворешниот човек копнее, а во согласност со тоа колку тој копнее, внатрешниот човек се обновува, ако што вели аостолот.
Некој кажал дека преполниот желудник не раѓа истенчен ум; според тоа, сразмерно на тоа колку човекот станува истенчен со помош на постот и воздржанието, толку истенчен (просветлен) станува и неговиот ум.
На тој начин, сѐ што е прекрасно и добро, успешно се доведува до крај и завршува.
Постот и воздржанието се двојни ѕидини, и оној, кој живее внатре во нив се насладува со големо спокојство, како да се наоѓа во Ерусалим, бидејќи Ерусалим во превод значи мир.