„Големата и безброј пати докажана вистина дека само со помошта Христова, може Христос да се јави во светот,
дека подвижништвото е единствената мисионерска школа во Православието, повторно пронашла потврда во овој вистински Апостол – старецот Ефрем Филотејски.
Денес, дури и некои од православните, мислат дека монасите се само за манастир, дека тие не може да имаат учество во јавувањето на Благата вест.
Свештеномаченикот Данил Сисоев говорел дека всушност монасите се најдобрите мисионери,
зашто себе во потполност му се посветиле на Бога.
Сите знаеме дека главното оружје на монасите е молитвата.
А еве што Христовиот војник , о. Данил говорел во врска со мисијата и молитвата:
Мисионeрството секогаш се извршува преку силата на Духот Свет, Кого го вети Бог Отецот.
Затоа, почетокот на мисионерењето е
молитвата,
средината – молитвата
и крајот на мисинерството е – молитвата.
Без молитва ништо нема да успее“!
Веруваме дека и тајната и величината на апостолската личност на Старец Ефрем е всушност – молитвата…“