Молитва по Светата причест:
(Свети Симеон Метафраст)
Ти, Создателу, драговолно ми го даде Твоето тело за храна.
Тоа е орган што ги изгорува недостојните;
Ти се молам да не ме изгориш, туку навлези во сите делови на моето тело, во утробата и во срцето.
Изгори ги трњата на сите мои прегрешенија, исчисти ми ја душата, помислите – освети ги, закрепни го моето тело, просвети ми ги петте сетила, целиот обземи ме од Твојот страв.
Чувај ме секогаш, брани ме од секакво душегубно дело и слово.
Исчисти ме, измиј ме, украси ме, вразуми ме и просвети.
Направи ме Свое живеалиште и живеалиште само на Духот; да не бидам веќе живеалиште на гревот.
По причестувањето да бегаат од мене како од оган сите гревови и сите страсти, како од Твојот дом.
Да ми бидат пред Тебе молитвени застапници сите светии, бестелесните ангели, Твојот Претеча, премудрите апостоли, особено Твојата Пречиста Мајка.
Милосрдни Христе мој, прими ги нивните молитви и направи ме служител на светлината и син Твој.
Благи, Ти си единствено осветување и светлина на нашите души, Ти си наш Бог и Владика, Тебе Ти прилега секаква слава во сите векови.
Амин!