АРАПСКО ОСВОЈУВАЊЕ

 


Манастир Света Екатерина (литографија на цртежот од архимандрит Порфири (Упсенски)

 

Во 625 година, за време на арапското освојување на Синај, монасите од манастирот Света Екатерина испратиле делегација во Медина за да го обезбедат покровителство од пророкот Мухамед. И тоа им било дадено.

Копијата од заштитната грамота изложена во галеријата на икони објавува дека муслиманите ќе ги штитат монасите.

Манастирот исто така бил ослободен од даноци.

Легендата вели дека при едно од неговите патувања, во својство на трговец, Мухамед го посетил манастирот. Ова е веројатно, особено затоа што Куранот ги споменува светите места на Синај. Така, кога полуостровот бил освоен од Арапите во 641 година, манастирот и неговите жители продолжиле да водат вообичаен живот.

Со ширењето на исламот во Египет во 11 век, во манастирот се појавува џамија, која е сочувана до денес.

За време на крстоносните војни од 1099 до 1270 година, монашкиот живот во манастирот имал период обновување. Синајскиот ред на крстоносците ја презел задачата да ги заштити поклониците, кои од Европа доаѓале во манастирот, а чиј број бил зголемен. Во овој период, во манастирот се појавува католички параклис.

По освојувањето на Египет од страна на Отоманската империја во 1517 година, предводена од султанот Селим Први, манастирот исто така не бил допрен. Турските власти ги почитувале правата на монасите, па дури на архиепископот му дале посебен статус.

 

ЖИВОТОТ ВО МАНАСТИРОТ

 

Игумен на манастирот е Синајскиот архиепископ. Од VII век, неговото ракополагање го извршувал Ерусалимскиот патријарх, под чија јурисдикција манастирот преминал во 640 година по освојувањето на Египет од страна на муслиманите заради појавените потешкотии во комуникациите со Цариградската патријаршија,

Монасите најголемиот дел од времето го поминуваат во молитва и труд. Молитвите се изведуваат заедно, богослужбите се долги.

Денот на монахот започнува во 4 часот наутро со молитва и божествена литургија, која трае до 07:30 часот. Од 3 до 5 часот попладне е вечерната молитва.

Секој ден по Часовите, на верниците имаат пристап до моштите на Света Екатерина.

Во спомен за поклонувањето пред моштите, монасите даруваат сребрен прстен со слика на срце и зборовите ΑΓΙΑ ΑΙΚΑΤΕΡΙΝΑ (Св. Катерина).

Манастирот има свој работен подраздел, па дури и раководните духовни лица работат заедно со другите монаси. Меѓу жителите на манастирот има луѓе со високо образование кои добро зборуваат странски јазици.

Храната на монасите е едноставна, претежно вегетаријанска. Еднаш дневно, по вечерната молитва, јадат заедно. За време на јадењето, еден од монасите обично гласно чита книга корисна за монашкиот живот.

Општо, манастирот живее според класичните закони на Источната православна црква.

 

ГРАДБИ


Главниот храм на манастирот (католикон), црквата на Преображението на Господ Исус Христос, потекнува од времето на царот Јустинијан.

Во олтарот на црквата во мермерна гробница се чуваат две сребрени ковчежиња со моштите на Светаи Екатерина (главата и венецот). Уште еден дел од моштите (прстот) е во кутија во иконата на великомаченицата Екатерина се наоѓа во левиот наос на црквата и секогаш е отворена за верниците за поклонение.

 

 

Грмушка Несогорлива Капина

 

Зад олтарниот дел на црквата Преображение се наоѓа параклисот на Несогорливата Капина, изграден на местото каде што, според библиското кажување, Бог зборувал со Мојсеј (Излез 2: 2-5).

Исполнувајќи го библиското укажување, сите што влегуваат овде мора да ги соблечат обувките, сеќавајќи се на заповедта Божја што му ја даде на Мојсеј:

„собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја” (Излез 3: 5). Параклисот е една од најстарите манастирски градби.

Капелата има престол, поставен не како вообичаено над моштите на светителие, туку над корените на Капината. За таа цел, целата грмушка била преместена на неколку метри од параклисот, каде и понатаму продолжува да расте.

Во параклисот нема иконостас, кој го сокрива олтарот од верниците, а поклониците можат да го видат под престолот местото каде што растела Капината.

Тоа е означено со отвор во мермерната плоча, покриен со сребрен штит со рељефни слики од запалената грмушка, од Преображението, од Распетието, од евангелистите, од Света Екатерина и самиот синајски манастир. Литургија во параклисот се служи секоја сабота.

Воопшто, манастирот има многу параклиси: на Светиот Дух, на Успение на Пресвета Богородица, Свети Јован Богослов, Свети Гeоргиј Победоносец, на Свети Антониј, Свети Стефан, Свети Јован Крстител, на 5-те севастиски маченици, на десетте критски маченици, на светите Сергиј и Вакх, на светите апостоли и пророк Мојсеј.

Овие параклиси се наоѓаат внатре во манастирските sидини, а девет од нив се поврзани со архитектонскиот комплекс на црквата Преображение.

На север од црквата на Преображение се наоѓа бунарот на Мојсеј – бунар, каде според Библијата, Мојсеј се запознал со седумте ќерки на мидијанскиот свештеник Јотор (Излез 2: 15-17). Бунарот и сега продолжува да го снабдува манастирот со вода.

 

На северозапад од манастирските sидови постои Градина, која е поврзана со манастирот со антички подземен премин. Во градината растат јаболкници, круши, калинки, кајсии, сливи, дуњи, црница, бадеми, цреши, грозје. Втората тераса е наменета како маслинова градина, која на манастирот му обезбедува маслиново масло.

Во градината за манастирската трпеза исто така се одгледува и зеленчук. На почетокот на 20 век, манастирската градина се сметаше за една од најдобрите во Египет.

Во близина на градината, зад ѕидовите на манастирот, има костурница и гробишта. На гробиштата има параклис на Свети Трифун и седум гробови, кои се користат постојано.

По одредено време, коските се отстрануваат од гробот и се ставаат во костурницата, сместена на долниот кат на црквата Успение на Пресвета Богородица. Единствениот комплетен скелет во костурницата се моштите на пустиникот Стефан, кој живеел во VI век и се споменува во „Лествицата” од Свети Јован Лествичник.

Моштите на Стефан, се облечени во монашка облека, почиваат во стаклена кутија.

Остатоците од другите монаси се поделени на два дела: нивните черепи се сместени во северниот ѕид, а нивните коски се собрани во централниот дел на костурницата.

Kоските на синајските архиепископи се чуваат во одделни ниши

 

БИБЛИОТЕКАТА НА МАНАСТИРОТ

 

Бидејќи манастирот од моментот на своето постоење никогаш не бил освоен и разорен, сега има огромна колекција на икони и библиотека на ракописи, во историско значење втора е само по Апостолската библиотека во Ватикан.

Манастирот има 3.304 ракописи и околу 1.700 свитоци. Две третини се напишани на грчки, а остатокот на арапски, сириски, грузиски, ерменски, коптски, етиопски и словенски јазици.

Покрај вредните манускрипти, библиотеката исто така содржи и 5.000 книги, од кои некои се однесуваат на првите децении од типографијата.

 

Покрај религиозните книги, библиотеката на манастирот содржи историски документи, писма со злато и оловни печати на византиските императори, патријарси и турски султани.

 

 

ИЗВОРПравославна Обител
Претходна статијаВо срцето на Синајската пустина – Манастирот Света Екатерина
Следна статијаСвети Игнатиј Брјанчанонов – Зборот Свет има две значења во Светото Писмо